Agios Nikitas / Villa Margarita

Lefkada Agios NIkitas MARGARITI (1)2_m

Agios Nikitas е едно од најпознатите места на островот Лефкада. Изградено во близина на прекрасната плажа, ова некогашно рибарско селце, денес е вистинскиот магнет за најпребирливите туристи. Неговата локација, која е на само неколку километри до најпознатите егзотични плажи, со кои изобилува западната страна од островото, последните години на македонскиот пазар му го обезбеди епитетот на најбарано место за престој. Љубителите на природата, синото море и прекрасните плажи, во Агиос Никитас, сосема сигурно ќе го пронајдат вистинскиот спој на уникатната природа на Лефкада и совремниот туризам, одлично вклопен во традиционалните вредности на архитектурата и локалните специјалитети. Едноставно, престојот во Аг.Никитас е приказна која треба да се доживее.

Margaritа Rooms е еден од малкуте на број објекти, кои служат за сместување на туристи во живописното градче Агиос Никитас. Овој објект за сместување, кој е специфичен по својата градба, како впрочем и самиот рељеф на местото, оддамна се наоѓа на туристичката карта на Лефкада. Објектот Маргарити, располага со двокреветни соби за сместување (без кујна), а некои од нив имаат и помошни легла. За оние пак кои сакаат поголем комфорт, во состав на објектот се наоѓа и еден апартман која располага со кујна. Сместувањето во убавите соби, опремени со сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон, е одличен избор доколку ја искористите можноста за обезбедување и на поволната исхрана во блиската таверна-ресторан. Локалната кујна е навистина незаборавна.

Галерија

Ценовник

  наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
  термин 18 25 1 8 15 22 29 8 17 26 4 13 22 31 7 14 21
  ноќевања 7 7 7 7 7 7 9 9 9 9 9 9 9 7 7 7 7
  Соба RO 1/2 (2 лица) 88 109 137 157 180 207 306 352 387 426 426 426 355 230 192 154 123
  до 31.Март 82 102 128 147 168 193 285 328 360 397 397 397 331 214 179 144 115
MARGARITA “B” (tv, ac) STD 1/2 (2 лица) 94 117 146 168 193 222 328 377 414 456 456 456 380 246 205 164 132
Агиос Никитас до 31.Март 88 109 136 157 180 207 306 351 386 425 425 425 354 229 191 153 123

 - Цените се однесуваат за наем на соби или апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

 

Програма на патување

Забелешки