Alba Queen Hotel 5*, Side

albaa 23

ALBA QUEEN HOTEL

Положба
Хотелот е лоциран во областа Colakli, 55км од аердромот во Анталијаи 8 км од центарот на Сиде.

Сместување
Вкупен број на соби: 324 во 5 згради. Стандардни соби 198 вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица (26m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице); Супериор соби 48 (32m², една спална соба, едно купатило, голем балкон, макс. 2+1 лице), Стандардни соби со кревети на спрат 46 (25-32m², една спална соба со брачен кревет + кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни соби 36 (41m², две соби одвоени со врата, едно купатило, еден балкон, макс. 4 лица, сите соби се со поглед кон копно), Делукс Фамилијарни соби 69 (52m², две одвоени спални соби, 2 купатила, два балкони, макс. 4+2 лица, сите соби се со поглед кон копно). Сите соби се со сопствено купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинат на подот, LCD TV и музички канали.

Услуга
All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладне чај, кафе и колачи, доцна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: увозни пијалоци, интернационални и специјални вина, послуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци.

Содржини
Главен ресторан – шведска маса, A’la Carte ресторани – Queens Asia (кујна од далечниот Исток), Queens Fish (морска храна), барови околу хотелскиот комплекс, пекара, Диско клуб. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, продавници, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, рент а кар сополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во Лоби и на јавни места е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна плажа – песочна со камчиња, лежалки и чадори се бесплатни, пешкири со депозит.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, мини голф се вклучени во цена. Масажа, SPA центар и салон за убавина, сите видови спортови на вода, осветлување за тениски терени, куглање, билјард дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми во текот на вечерните часови, кино, жива музика, забава на плажа. Мини клуб за деца од 04-12 години во текот на денот и мини диско во вечерните часови.

Галерија

Програма на патување

Забелешки