Alba Resort Hotel 5*, Side

alba 1

ALBA RESORT HOTEL

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Colakli, 55км од аеродромот во Анталија и 8км од центарот на Сиде.

Сместување
Вкупен број на соби 445 во 10 блокови. Стандардни соби 381 вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица (26m², една спална, едно купатило, макс. 2+1 лице); Стандардни соби со кревети на спрат 20 (26m², една спална соба со брачен кревет + кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица, сите соби се со поглед кон копно), Фамилијарни соби 48 (41m², две соби одвоени со врата, едно купатило, еден балкон, макс. 4 лица, сите соби се со поглед кон копно), Делукс Фамилијарни соби 18 (52m², две одвоени спални соби, две купатила, два балкони, макс. 4+2 лица, сите соби се со поглед кон копно). Сите соби се со сопствено купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинат на подот, LCD TV со сателитски и музички канали.

Услуга
All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладне кафе, чај и колачи, доцна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: увозни алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, послуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци.

Содржини
Главен ресторан Olympos – шведска маса, A’la Carte ресторани – Ophelia (Италијанска кујна), Amfora (морска храна), барови околу хотелскиот комлекс, слаткарница, Диско клуб. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, продавници, телефон, факс, интернет конекција, компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI- FI интернет конекција во Лоби и на јавни места е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, лежалки и чадори се вклучени во цена, пешкири со депозит.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, тениски терени, терен за одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, фитнес центар, Турска бања, сауна, мини голф се вклучени во цена. Масажа, SPA центар и салон за убавина, сите видови спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билјард дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални шоу програми во вечерните часови, кино, жива музика, забави на плажа. Мини клуб за деца од 04-12 години во текот на денот и мини диско во вечерните часови.

Реновиран во 2013 година.

www.albahotels.com.tr

Галерија

Програма на патување

Забелешки