Alba Royal Hotel 5*, Side

alba 4

ALBA ROYAL HOTEL

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Colakli, 55км оддалечен од аеродромот во Анталија и 8км од центарот на Сиде.

Сместување
Вкупен број на соби 224 во три блокови. Стандардни соби 171 вклучувајќи 4 соби за хендикепирани лица (26m², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица); Суприор соби 48 (32m², поголеми соби од стандардните, купатило со џакузи, голема тераса, макс. 3 лица), Сениор суит 8 (41m², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби се со сопствено купатило со када, туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинат на подот, LCD TV со сателитски и музички канали.

Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладне кафе, чај и колачи, доцна ужина, свежо цедени сокови за појадок, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот. Не е вклучено: Премиум и луксузни увозни алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, послуга во соба, свежо цедени сокови освен за појадок, енергетски и флаширани пијалоци.

Содржини
Главен ресторан Alatau – шведска маса, A’la Carte ресторани – Efendy (Турска кујна), Amadeus (морска храна), Cubana (Мексиканска кујна), барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница, Диско клуб. Доктор, услуги за перење и пеглање, фризер, продавници, телефон, факс, интернет конекција, компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI- FI интернет конекција во Лоби и на јавни места е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна плажа – песок и камчиња, лежалки и чадори вклучени во цена, пешкири со депозит.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни, лизгалки на вода, тениски терени, терен за одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа и мини голф се вклучени во цена. Масажа, Спа центар, салон за убавина, сите видови спортови на вода, осветлување за тениски терени, опрема за тенис, куглање, билјард дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални програми во вечерните часови, кино, жива музика, забави на плажа.

www.albahotels.com.tr

Галерија

Програма на патување

Забелешки