ВЕЛИГДЕН / Бангкок+Ко Чанг

BKK 8

Бангкок + Ко Чанг
04. Апр –16. Апр / 13 дена, 10 ноќи

THAILAND - Наследството на старата мудрост, верувањата и уметничките вештини, сплотени во TAI културата, заедно со блескаво уредените градови, бројните фестивали и одекот на кралските песни – го чинат сонот наречен
ТАЈЛАНД – Земјата на смеата и радоста. 


KOH CHANG – ОСТРОВОТ НА СЛОНОВИТЕ           

Еве сте, што би се рекло, во РАЈОТ. Островот KOH CHANG, на само 5 часа возење од Bangkok, обраснат во густа шума од палми и лијани, со бели песочни плажи наткриени од кокосови палми, со кристално бистра, зелено обоена вода, со најразлично тропско овошје, егзотични коктели,  љуљашки по плажите и на секој чекор таи масажа, прави да се почуствувате дека сте во рајот.
Овдека сеуште е прилично евтино и веднаш штом ќе стигнете ќе сфатите дека на луѓето кои живеат во ова парче недопрена природа, со топла клима и можност да се наполни стомакот во секое време, им е навистина добро…           
Островот е долг окулу 40км. а широк 25км и она што не треба да се пропушти е јавањето на слон низ џунглата (окулу 2 часа) како и нуркањето по околните корални гребени кои наликуваат на расцветани рајски градини.         

Во оваа дива питомина, во тивките ноќи и меки денови, во енергијата на изворната изворност, во прошетките покрај море, под месечина….Ќе го доживеете недоживеаното…Вистинска идила

 

The Emerald Cove Koh Chang е прекрасен и луксузен  хотел лоциран на една од најатрактивните плажи на островот Ко Чанг – Klong Prao Beach, на која има свој приватен дел со лежалки и чадори за сонце. Вгнездени во бујната тропска вегетација хотелот располага со сместувачки капацитет од 165 соби, сите со прекрасни погледи или кон океанот или кон градините и џунглите на околните планини. Собите се просторни и климатизирани, имаат Flat Screen ТВ со сателитска програма, фрижидер со мини бар, сеф, бојлерче за кафе и чај, приватен балкон, тоалет и бања. Под палмовите дрва на само неколку чекори од плажата и океанот гостите може да уживаат во чист 50-метарски базен, џакузи базен и базен за деца. Неодминлив дел на хотелот е и спа центарот во кои гостите може да уживаат во голем број на различни третмани, масажи и активности. Во хотелот освен главниот ресторан каде што се служи појадокот, има и неколку други тематски ресторани и барови кои послужуваат храна и пијалок.
Хотелот располага со голем број на други содржини и услуги, кои може да се прочитаат на неговата веб страна  http://www.emeraldcovekohchang.com.

 

Галерија

Ценовник

Furama Silom Hotel 4* (Bangkog)
  Emerald Cove Hotel 5* (Koh Chang) 

ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ

04.04.2018 – 16.04.2018

УСЛУГИ

BB

НОЌЕВАЊА

2 + 8

Цена по лице во двокреветна соба

1245 €  / 77.190 мкд

Цена за први 4 патници

1095 € / 67.890 мкд

Цена за резервации до 15. Октмоври

1155 € / 71.610 мкд

Доплата за еднокреветна соба

455 € / 28.830 мкд

Пoпуст за трето возрасно лице

- 100  € / 6.200 мкд

Цена за дете од 02-5,99 години (без дополнителен лежај)

 

Плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1 Еур. 

Општите услови на патување сесоставен дел од програмата

Програма на патување

Забелешки