Бангкок + Ко Чанг

image (1)

KOH CHANG – ОСТРОВОТ НА СЛОНОВИТЕ
Лоциран во Источен Тајланд, на самата граница со Камбоџа, овој егзотичен остров е вистински рај за сите оние што се восхитуваат од ексклузивитетот на природните убавини. Прекрасни плажи, тиркизно море, нечепната природа и се она што е карактеристично за Тајланд и Таите.

Еве сте, што би се рекло, во РАЈОТ. Островот KOH CHANG, на само 5 часа возење од Bangkok, обраснат во густа шума од палми и лијани,со бели песочни плажи наткриени од кокосови палми, со бистра,зелено обоена вода , со најразлично тропско овошје,егзотични коктели,  љуљашки по плажите и на секој чекор таи масажа, прави да се почуствувате дека сте во рајот.
Овдека сеуште е прилично евтино и веднаш штом ќе стигнете ќе сфатите дека на луѓето кои живеат во ова парче недопрена природа, со топла клима и можност да се наполни стомакот во секое време, им е навистина добро…
Островот е долг окулу 40км. а широк 25км и она што не треба да се пропушти е јавањето на слон низ џунглата(окулу 2 часа) како и нуркањето по околните корални гребени кои наликуваат на расцветани рајски градини.
Во оваа дива питомина, во тивките ноќи и меки денови, во енергијата на изворната изворност, во прошетките покрај море, под месечина….Ќе го доживеете недоживеаното…Вистинска идила

 

Галерија

Ценовник

2 ноќевања во Бангкок: Baiyoke Sky Hotel 4* (Веб Страна)
7 ноќевања во Ко Чанг: Koh Chang Paradise Resort & Spa 4* (Веб Страна) / или сличен хотел со 4*

Пакет БАНГКОК + КО ЧАНГ / 9 ноќевања
ноќевање со појадок
Цени за резервација до 31 Март 2017
Цена По лице во 1/2 соба
DLX Bungalow DBL
СЕ АЖУРИРА €

Забелешки