БУДИМПЕШТА, ВИЕНА И СЕНТЕНДРЕ

BDUMPESTA

Будимпешта, убавицата на Дунав. Еден од најпознатите градови по течението на најголемата европска река, со векови е “непризнат” центар на светските политички влијанија. Оваа престолнина, во далечното минато формирана од двата града: Будим и Пешта, секогаш го привлекувала вниманието на сите кои го минувале патот од западниот кон источниот дел на стариот континент. Оваа европската крстосница, токму поради нејзината вековна улога, и’ се формирала во таков сплет од остатоци на разни култури, при што успеала да се издвои и наметне со својот единствен стил. Нејзината архитектура, култура и начин на живеење се видливи во секој агол од центарот на оваа метропола. Но sepak, можеби највпечатлив приказ за нејзиниот дух лежи во познатиот танц на унгарската “чарда”. Темпераментот и отвореноста со која се карактеризираарт нејзините граѓани, се објаснување на нејзиниот севкупен успех во натпреварот за европска туристичка дестинација.Крстарење по Дунав Aко сакате да бидете дел од најромантичниот разглед на Будимпешта, појдете на крстарење по Дунав. Крстарењето започнува од мостот “Маргит” до “Mостот на слободата” со враќање назад покрај спротивната страна. Дунав ја дели унгарската престолнина на два дела, на ридестиот и спокоен Будим и секогаш раздвижената и пулсирачка Пешта. Во текот на едночасовното крстарење ќе уживате во прекрасната глетка која ја сочинуваат убавините на Будимпешта… од Парламентот, мостот Маргит, црквата Св. Матјаш, Рибарскиот бастион, Дворецот и брдото Буда, мостот Сечењи, Цитаделата, хотелот Гелерт, мостот Ержебет и другите монументални градби долж брегот на Дунав, сè до ултра модерниот Народен Театар со кој овој разглед завршува. Преку раскажувањата на локалниот водич, сосема доволно ќе се запознаете со историјата на градот и ќе ја доживеете Будимпешта на еден поинаков начин. Сент Ендре На околу 20 км северно од Будимпешта, движејќи се по автопатот 11, наидуваме на живописното мало гратче Сентендреа (Свети Андреја, оригинално Szentendre). Сентендреа е неизбежна дестинација на секој наш аранжман за Будимпешта, бидејќи малото гратче едноставно плени со својата убавина, природа и зачувана традиција. Сместено на самиот брег на Дунав, Сентендреа е град на уметноста, црквите и музеите. Во полудневниот излет до Сентендреа, ќе можете да ги посетите многубројните винотеки, рибни ресторани како и многубројните работилници во кои се негуваат народните ракотворби кои преточени во најразновидни сувенири ќе ги најдете на секој чекор. Воедно ќе се се запознаете со неговата живописна архитектура и богата историја. Во 1690 година, кога Nándorfehérvár (Белград) бил повторно окупиран од Турците, Србите, кои го подржувале императорот Хабзбург пребегале во денешната Унгарија, поточно токму во реонот на Сентендреа. Таму се населиле околу 60.000 Срби, кои биле вдомени со посебни привилегии.Покрај огромниот број на Срби кои се доселиле од Оповац, Чипровац, Пожаревац и Белград, во Сентендреа се населиле и многу Грци, Далматинци и Босанци кои заседнале на различни делови од градот. Во почетокот, со надеж дека тие ќе се вратат во своите првобитни огништа, подигнале засебни привремени цркви, изградени од дрво. Но со мировниот договор во Карлоца во 18 век, нивните надежи за враќање дома паднале во вода, па дрвените црквички ги замениле со градење на цркви во прекрасен бароктен стил. И ден денес поголем дел од тие живописни цркви се зачувани во првобитниот изглед. Во Сентендреа се сместени и познатите музеи на Марципанот и Ковач Маргит, музејот на керамиката. По полчасовниот разглед на Сентендреа, остатокот од слободното време Ви препорачуваме да го минете во некои од кафетериите и слаткарниците расфрлани по тесните живописни улички. Пиејќи топло еспресо или заблажувајќи се со некој колач од марципан, незаборавете дека купувањето на сувенир “е задолжително”!Вечер на Чарда Чардата Мárványmenyasszony или на македонски “Мраморна невеста”, e добро познатиот ресторан на улицата Марвањ. Неговата историја датира некаде од 17-от век, кога овој ресторан бил еден од најдобрите и најпознатите места за забава сместен во делот на Будимпешта попознат како Кристинаварош. И денеска, во духот на традицијата, преку петчлениот цигански бенд и богатата фолклорна програма, “Мраморната невеста” привлекува огромен број на посетители и туристи. Тие, во пријатната атмосфера на традиционален стил и вкусни унгарски специјалитети, уживаат во унгарското гостопримство. Препорачуваме да не се двоумете во можноста, да бидете и Вие дел од оваа традиционална унгарска приказна.

Галерија

Ценовник

29.10.2018 – 02.01.2019  (2 ноќи, 5 дена)

   

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 10.11.2018  

129€ / 7.998 мкд

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА 

139 / 8.618 мкд

Програма на патување

Забелешки