КРФ

Воопшто и не е чудно што уште од најдамнешни времиња токму во една од најубавите приказни во своето дело “Одисеја”, Хомер прв ја опеал убавината на островот Крф. Како што самата таа раскажува… и носталгичниот Одисеј во своето патување кон родната Итака, за малку ќе го завршел своето патување токму тука – на овој остров. Но дали е ова доволен опис, за да се разбере мистичната привлечност на приказната, наречена Крф? Овој остров е мозаик на историјата од различните цивилизации и нации, како и периоди на владеење од Византијци, Римјани, Млечани, Французи, Руси, Англичани… па се до Италијанци и Германци во поновата историја. Веројатно сите тие влијанија и придонесле да се оформи неговата далеку позната и импозантна архитектура. Со величенствените градби, тврдини и цркви, како и со густата вегетација, кристално чистите и бистри води, преубавите песочни и тивки плажи, како и со многуте луксузните хотели, Крф секогаш ќе биде, една од најатрактивните дестинации на модерниот туризам кој го нудат Јонските острови.

Северната страна од овој прекрасен остров, за многуте негови туристи, отсекогаш била вистинскиот магнет кој ги привлекувал до нејзините бројни летувалишта, сите одлично поврзани со главниот град Крф. Со нивната последователност, нанижаиапокрај пошумениот брег, местата на северниот дел ос островото го нудат најубавиот престој и одмор на Крф. Почнувајќи уште од познатите и монденски Гувиа и Дасиа, преку најпопуларниот Ипсос, па се’ до живопоисните Барбати и Нисаки, пред туристите паралелно се нижат и низата можности, за богат интересен и во секој случај незаборавен одмор на Крф.

1-1-560x450

Vila Teo-Ipsos/Krf

од 49€

Островот Крф е еден од најубавите острови, лоциран на најсеверниот дел на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во ... Повеќе

Vila-Stathis-Ipsos-Krf-4-560x450

Vila Statis-Ipsos /Krf

од 59€

Островот Крф е еден од најубавите острови, лоциран на најсеверниот дел на Јонскиот архипелаг и е втор по големина остров во ... Повеќе