
Ситониа е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и виногради, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна… се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Псакудија, Неос Мармарас или Сарти, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате.

Vila Panagiota-Sarti
Вила Панајота се наоѓа во новиот дел на Сарти, каде водата е најплитка и е идеална за со деца и лица кој сакаат мирен и ... Повеќе

Vila Kofos Limin-Porto Koufo
Вила Кофос Лимин се наоѓа во Порто Куфо, на 100метри од плажа. Идеална локација за оние кој сакаат мирен одмор, и без ... Повеќе

Neos Marmaras/ Villa Marmaras Blue Sea
Neos Marmaras е едно од најпознатите места на вториот крак на Халкидики – Ситониа. Освен амфитеатралната местоположба, главни ... Повеќе

Psakudia/Villa Akacia
Psakoudia е мало, но навистина прекрасно туристичко место, лоцирано на почетокот на вториот крак на Халкидики – Ситониа. Како ... Повеќе

Neos Marmaras / Villa Albatros
Neos Marmaras е едно од најпознатите места на вториот крак на Халкидики - Ситониа. Освен амфитеатралната местоположба, главни ... Повеќе

Psakoudia / Villa Giota
Psakoudia е мало, но навистина прекрасно туристичко место, лоцирано на почетокот на вториот крак на Халкидики - Ситониа. Како ... Повеќе