Халкидики – Атос

Полуостровот Атос, познат уште и како Света Гора, е автономна област во рамките на Грција. Атос е третиот крак на полуостровот Халкидики. Според природните убавини, Атос е најубавиот крак на Халкидики. Посетата на Атос без посебни адмистративни дозволи е можна само во хотелскиот комплекс односно местото Уранополис и околината. За влез во останаатиот дел на Атос потребна Ви е дозвола која се вади во Солун, а за која треба прво да имате гаранција од конзулатот на Вашата земја. Посетата треба да ја најавите барем две недели однапред, бидејќи е ограничен бројот на посетители кои можат истовремено да се најдат на Света Гора. Посетата е дозволена само за мажи.