БАЛИ -Промотивни пакети

Бали – Рајскиот остров на боговите и демоните. Сместен во југоисточна Азија, на екватори-
јалниот премин на Индинскиот со Тихиот Океан, Индонезија. Овој тропски остров е толку сликовит што на прв поглед ќе ви се чини нереален. Опкружен е со кристално чисто море и долги, бели песочни плажи, додека во внатрошноста владеат џунгли, високи вулкански пла-
нински масиви, сликовити локални населби и импресивни оризови тераси. Бали е дестина-
ција и атракција за секој посетител. Плени со богатото историско наследство за кое балижа-
ните се особено горди. Овој народ успеал да ја задржи својата долга верска традиција која се отсликува на секој начин во секојдневниот живот на населението и во архитектурата која изобилува со величенствени храмови и палати.
За сурферите и љубителите на слични водени спортови нај атрактивна е западната обала каде се наоѓаат некои од нај убавите плажи на светот, додека источната обала е рај за релаксиран и мирен фамилијарен одмор со плажи од ситен песок и мирно море. Меѓу по атрактивните туристички области се Кута, Санур и Нуса Дуа, кои нудат многу забава, рестора-
ни, барови и шопинг.
СИНГАПУР – официјално Република Сингапур, е суверена град-држава и островска земја во Југоисточна Азија. Се наоѓа во близина на јужниот крај на Малајскиот полуостров и е 137 километри (85 милји) северно од екваторот. Составен е од еден главен остров (нашироко познат како Сингапур или Pulau Ujong ) и над 60 многу помали островчиња. Земјата е висо-
ко урбанизирана, со многу малку дождовни шуми а нејзината територија постојано се зго-
лемува со константна мелиорација на теренот.
Сингапур е еден од водечките трговски и финансиски центри во светот, и е едно од петте најпрометни пристаништа. Неговата економија зависи во голема мера од трговијата и осо-
бено од производството, што претставува 26 проценти од БДП на Сингапур во 2005 година. Во однос на куповната моќ, Сингапур има трет највисок приход по глава на жител во светот. Тој е рангиран на високо ниво во меѓународните рангирање на образованието, здравството, транспарентност на власта и на економската конкурентност.

BUMAS 4

Bumas Hotel 3*, Sanur, Bali

од 545€
BB

www.bumasresorts.com Од 1994 година, овој семеен хотел лоциран во Санур ја има привилегијата да смести посетители од целиот свет. Хотелот ... Повеќе

JAYAKRTA 5

The JAYAKARTA Bali 4*

од 695€
BB

bali.jayakartahotelsresorts.comХотелот се наоѓа во бујна градинa, десно на плажаta Legian, познатa по своите зајдисонца. Покрај тоа што нуди мир и ... Повеќе

MELIA 17

Melia Bali Villas & SPA 5*+ / Nusa Dua

од 1075€
BB

www.melia.com Се наоѓа на брегот на Nusa Dua, нај престижната одморалишна енклава на Бали, и претставува уникатно светилиште со ... Повеќе

KARTIKA 5

Discovery Kartika Plaza 5* Kuta

од 1095€
BB

www.discoverykartikaplaza.com Discovery Kartika Plaza - втора година по ред е прогласен за НАЈДОБАР  Beach Resort  во ИндонезијаХотелот се наоѓа во Јужна ... Повеќе

MIRAGE 6

Grand Mirage Resort 5*Benoa-Nusa Dua

од 895€
BB

www.grandmirage.com Лоциран на јужниот дел на Бали, Tanjung Benoa - Nusa Dua, Grand Mirage Resort Бали е благословен со хипнотизирачки поглед кон Индискиот ... Повеќе

RAMADA 1

Ramada Bintang Bali 5*, Kuta Tuban

од 985€
BB

www.bintang-bali-hotel.com Изграден на повеќе од шест хектари тропска градина,Ramada Bintang се протега надолу кон плажата на јужниот брег на ... Повеќе

PATRA 10

Patra Bali Resort & Spa 4*

од 795€
BB

www.thepatrabali.com Се простира по должината на белите песоци на плажата Јужна Кута. Нуди 2 опции за јадење, 2 големи базени, еден во ... Повеќе

SANUR 10

Sanur Paradise Plaza 4*

од 765€
BB

www.sanurparadise.comХотелот е привилегиран со стратешка локација, на само неколку минути пешачко растојание од извонредна шопинг ... Повеќе

ИБИС 14

Ibis Style Benoa 3* Nusa Dua

од 645€
BB

www.ibis.com Хотелот е лоциран во Беноа, на само 5 мин. Пешачко растојание од најразвиената, туристичка зона Нуса Дуа, односна на ... Повеќе