Коста Брава – лето 2019

Коста Брава – крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок.

Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија.

Брегот на Коста Брава опфаќа 160 километри од убавoто живописно крајбрежие на Каталонија во североисточниот дел на Шпанија. Нејзината природна убавина, бескрајните песочни плажи и летното сонце, привлекуваат милони туристи. Тука ќе најдете модерни туристички летувалишта со бројни квалитетни хотели покрај рибарските села и средновековните градови со древните замоци. Коста Брава со Коста Маресме се протега од Барцелона се до француската граница.
Покрај одморот на прекрасните плажи, туристичките места на Коста Брава (што во превод значи Дива Коска) се идеално лоцирани за посета и истражување на културното богатство на Каталонија. Главниот град Барселона секако може да се рангира меѓу најфасцинантните градови на планетата со бројните атракции како: архитектурата на Gaudi, музејот на Пабло Пикасо, Олимпиското село, Mагичните фонтани, светски познатиот Ла Рамбла булевар, Форумот, Ридот Монжуик и многу други. Музејот на Салвадор Дали во Фигерас е најпосетувано место во регионот заедно со бенедиктинскиот манастир на Монтсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Еден од најголемите паркови на вода во Европа се наоѓа во близината на Lloret de Mar. Првото големо одморалиште и веројатно најособено од сите на Коста Брава е Tossa de Mar со песочни плажи, мали заливи и историското средиште, Вила Вела, со средновековните одбранбени ѕидови и кули. Лорет де Мар е најпознато летувалиште со најголем број хотели и туристи, со убаво уредена променада покрај морето. Популарното летувалиште Blanes со долгата песочна плажа е јужната точка на Коста Брава, додека во продолжение се туристичките места Малграт де Мар, Санта Сузана и Калеља, кои се всушност дел од Costa Maresme која обично се препознава како дел од Коста Брава. Далеку од крајбрежните летувалишта Коста Брава има богато историско и уметничко наследство во бројни интересни места за посета. Каталонија привлече и инспирира многу познати уметници, вклучувајќи ги Пикасо, Салвадор Дали и Марк Шагал. Салвадор Дали е роден и својот живот го поминал во Фигерас, и насекаде околу селото може да се види неговото влијание. Дали оставил впечатлив белег во културата на Коста Брава, како што архитектурата на Гауди со својата оригиналност ја направи Барселона единствена во светот.

tropic 1

Tropic Park 4*, Malgrat De Mar

од 559€
HB

Локација:Хотелот се наоѓа покрај море на самата променада на Малграт де Мар, 400м од центарот и железничката ... Повеќе

11038162_m

Aqua Onabrava & SPA 4*S, Santa Susanna

HB

Локација:Хотелот се наоѓа на променадата на Санта Сузана на неколку метри од Балеарското море. Опис:Ова е еден од најубавите ... Повеќе

21284558_m

Aqua Aquamarina & SPA 4*, Santa Susanna

BB

Локација: Хотелот се наоѓа на променадата на Санта Сузана, на само 100м од мореОпис: Гостите на хотелот можат да уживаат во ... Повеќе

53840936_m

H TOP Amaika 4* S , Calella

од 529€
FB +

Локација: Хотелот се наоѓа во тивкиот резиндецијален дел на Калела, на мала одалеченост од плажа.Опис: Хотелот е изграден ... Повеќе

21294891_m

Aqua Promenade 4*, Pineda De Mar

BB

Локација: Хотелот се наоѓа на главната променада во Пинеда, на само 100м од центарот.Опис: Хотелот во својот состав располага со ... Повеќе

ROYAL 7

H TOP Royal Beach 4*, Lloret De Mar

од 489€
FB+

Локација: Хотелот се наоѓа на само 100м од познатата плажа Феналс и на десетина минути пеш од центарот на збиднувањата.Опис: Во ... Повеќе

54070603_m

H TOP Royal Sun Suites 4*,Santa Susanna

од 489€
FB+

Локација: Лоциран во Санта Сузана и недалеку од плажата која нуди најразлични активности вклучувајќи и сурфање на ветер, ски ... Повеќе

53908796_m

H TOP Royal Star 4*, Lloret De Mar

од 489€
FB+

Локација:Хотелот Ројал Стар се наоѓа на 10 мин. Пешачка дистанца од плажата Феналис и 15 мим. од плажата Лорет де Мар. Лорет де ... Повеќе

12334098_m

H TOP Alexis 3*, Lloret De Mar

од 439€
FB+

Локација: прекрасен хотел, идеален за семејни посети на сончевиот Лорет де Мар, во централно лоциран. Опис: Хотелот на своите ... Повеќе

12334405_m

H Top Gran Casino Royal 3*, Lloret De Mar

од 419€
FB+

Локација: Хотелот се наоѓа во познатиот комерцијален дел на Лорет де Мар, популарен по богатиот ноќен живот, ресторани, ... Повеќе