Коста Брава – лето 2019

Коста Брава – крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок.

Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија.

Брегот на Коста Брава опфаќа 160 километри од убавoто живописно крајбрежие на Каталонија во североисточниот дел на Шпанија. Нејзината природна убавина, бескрајните песочни плажи и летното сонце, привлекуваат милони туристи. Тука ќе најдете модерни туристички летувалишта со бројни квалитетни хотели покрај рибарските села и средновековните градови со древните замоци. Коста Брава со Коста Маресме се протега од Барцелона се до француската граница.
Покрај одморот на прекрасните плажи, туристичките места на Коста Брава (што во превод значи Дива Коска) се идеално лоцирани за посета и истражување на културното богатство на Каталонија. Главниот град Барселона секако може да се рангира меѓу најфасцинантните градови на планетата со бројните атракции како: архитектурата на Gaudi, музејот на Пабло Пикасо, Олимпиското село, Mагичните фонтани, светски познатиот Ла Рамбла булевар, Форумот, Ридот Монжуик и многу други. Музејот на Салвадор Дали во Фигерас е најпосетувано место во регионот заедно со бенедиктинскиот манастир на Монтсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Еден од најголемите паркови на вода во Европа се наоѓа во близината на Lloret de Mar. Првото големо одморалиште и веројатно најособено од сите на Коста Брава е Tossa de Mar со песочни плажи, мали заливи и историското средиште, Вила Вела, со средновековните одбранбени ѕидови и кули. Лорет де Мар е најпознато летувалиште со најголем број хотели и туристи, со убаво уредена променада покрај морето. Популарното летувалиште Blanes со долгата песочна плажа е јужната точка на Коста Брава, додека во продолжение се туристичките места Малграт де Мар, Санта Сузана и Калеља, кои се всушност дел од Costa Maresme која обично се препознава како дел од Коста Брава. Далеку од крајбрежните летувалишта Коста Брава има богато историско и уметничко наследство во бројни интересни места за посета. Каталонија привлече и инспирира многу познати уметници, вклучувајќи ги Пикасо, Салвадор Дали и Марк Шагал. Салвадор Дали е роден и својот живот го поминал во Фигерас, и насекаде околу селото може да се види неговото влијание. Дали оставил впечатлив белег во културата на Коста Брава, како што архитектурата на Гауди со својата оригиналност ја направи Барселона единствена во светот.

maria 1

Maria Del Mar 4*, Lloret De Mar

од 509€
HB

Локација: Хотелот е лоциран во центарот на Лорет де Мар на 200м од центарот на забавата каде има безброј ресторани, продавници и ... Повеќе

1252173_15_z_m

Mont Rosa 3*, Calella

HB

Локација: Хотелот се наоѓа во тивкиот крајбрежен простор, 200 метри од центарот и 20 метри од плажа. Опис: Хотелот располага со ... Повеќе

27824801_m

Moremar Hotel 3* / Lloret De Mar

RO

Локација: Една од најголемите предности на хотелот е неговата локација. Истиот се наоѓа во тивкиот дел на Лорет де Мар, но не ... Повеќе

888565_m

H TOP Summer Sun 3*, Santa Susanna

од 439€
FB+

Локација: Хотелот се наоѓа на шеталиштето Маритим во Санта Сузана – Маресме. Опис: Одличен семеен хотел, располага со 2 базени ... Повеќе

30372541_m

H Top Planamar 3*, Malgrat De Mar

од 439€
FB+

Локација: Хотеот се наоѓа шеталиштето на Malgrat De Mar, помеѓу облата на Калела и Бланес  во Коста Маресме., на само 25м од центарот ... Повеќе

7

Continental 2*, Calella

HB

Опис: Хотелот е лоциран на 100м од центарот на Калела. и е на 3км од Пинеда дел Мар. Во својот состав хотелот располага со ... Повеќе

90560310_x

Marisol 2*, Calella

од 345€
RO

HOTEL MARISOL 2*    CALELLA Локација: Калела Опис: Хотелот е лоциран 100м од центарот на Калела и е на 3км од Пинеда дел Мар. На гостите на ... Повеќе

17094481_m

Santa Ana Hostel 1*, Llorett De Mar

BB

Локација: Лорет де Мар Опис: лоциран во тивка област близу до центарот на Лорет де Мар, само на 150м од забавниот ... Повеќе

12337338_m

H TOP Olympic 3*, Calella

од 439€
FB+

Опис: Хотелот се наоѓа во тивок резиденцијален дел на Калела, 400м од центарот за Калела кој избилува со барови, продавници, ... Повеќе