БОРОВЕЦ

Боровец е најстариот и најпопуларен ски центар во Бугарија, сместен на падините на планината Рила на која се наоѓа и највисокиот врв на Балканот .
Од Софија е оддалечен 80км., од Скопје окулу 220км. а најблизок град му е Самоков )на окулу 10км.) кој е богат со најразлични културно историски знаменитости.
Боровец се развил во модерен ски-центар со луксузни хотели од висока категорија, ресторани, дискотеки, продавници и голем број на ски терени и ски лифтови.
На располагање има 15 патеки од кои 3 се опремени со топови за вештачки снег како и за ноќно скијање. Ски патеките се прилагодени како за почетници така и за оние најискусните во овие спортови.
Падините на Боровец се под снег најчесто од декември па се до април.
Совршената комбинација на локација, клима и географска положба на Борoвец привлекува секоја година огромен број на туристи од цела Европа.