Club Hotel Sera DLX 5*, Lara

SERA 2

CLUB HOTEL SERA
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара, 9км од аеродромот во Анталија и 12км од центарот на Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 550. Има 258 стандардни соби и 140 клуб стандардни соби (18-32м², макс.2+1 лица во стандардните соби и макс.2 лица во клубските соби), парк стандардни соби 64 (18м², лоцирани позади хотелскиот комплекс во градината, макс.2лица), фамилијарни суити 71 (стандардни или клубски соби, 25-40м², две спални одвоени со врата, купатило, макс.3 лица), деликс суит соби 3 (56м², една спална, една дневна, две купатила, макс.2+2лица), супериор суити (120м², две спални, две купатила, дневна, макс.2+2 лица), Ottoman palace суит 1 (400м², макс.4 лица) и 9 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци и вода, се дополнува секој ден), сеф (бесплатен), сателитска ТВ и музички канали, тераса или франчуски балкон . Стандардните соби се наоѓаат во главната зграда, клубските соби се во градината и парк собите се позади хотелскиот комплекс.

Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, попладневна ужина, кафе, чај, веќера, полноќна ужина. A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на седмодневниот престој, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во соба (бесплатен). Луксузни увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, енергетски пијалоци, дополнително се наплаќаат.

Содржини
Главен ресторан Royal со шведска маса, A’la Carte ресторани- Olive (Медитеранска кујна), Safran (Турска кујна), Монголски ресторан, снек бар покрај базен и на плажа, барови околу хотелскиот комплекс, диско бар. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интеренет и компјутерски игри, продавници, фризер, rean a car, интернет конекција, дополнително се наплаќаат.

Плажа
Приватна плажа, песочна и платформа. Лежалки на плажа, чадори за сонце, пекири и душеци на плажа се бесплатни.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, тениски терени, фитнес центар, Турска бања, сауна, кошарка, одбојка на плажа. Спортови на вода, масажи, солариум, куглање, билијард, дополнително се наплаќаат. Забавни програми преку ден и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца.

www.clubhotelsera.com.tr

Галерија

Програма на патување

Забелешки