Concorde Deluxe Resort 5*/Lara

hotel-concord-5-19-1

 Положба:Хотелот се наоѓа во областа Лара, 10км од аеродромот во Анталија и 16км од центарот на Анталија.                                     Сместување: Вкупен број на соби 401. Стандардни соби Де лукс 354 (28-32м²; 2+1 лица), 16 дуплекс делукс соби (47м²; 2+2 лица, на првиот кат софа, купатило, на вториот кат една спална соба и купатило,првиот и вториот кат не се одвоени со врата, сите се со поглед на море), 19 јуниор де лукс суит соби (43-56м², макс. 4 лица, мал дел за одмор и мало купатило на влезот од собата, една спална соба со купатило, поглед на море или градина), фамилијарни де лукс суит соби 6 (55-68м²; макс. 4 лица, една дневна соба одвоена со лизгачка врата од спалната соба и купатилото и една голема спална соба со купатило одвоена со врата од другите соби, сите со поглед на море), 4 гранд делукс суит соби (61-70м², две спални соби, две купатила и дневен дел, сите со поглед на море) и 2 Ројал суит соби (81-134м² ; лоцирани на најгорниот спрат од хотелот). Сите соби се во модерен стил со купатило со када, туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција, под со тепих и балкон.

Услуга:

Делукс Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, снек ресторант со две различни мениа, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина во доцните вечерни часови. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, собна услуга по мени од 01.30-07.00, корпа со овошје на пристигнување. Луксузните увозни пијалоци, старите вина, сите флаширани пијалоци, Habana барот за цигари, Vinario-барот за вина, сите A’la Сarte ресторани, наргиле, услуга во павиљоните на плажа, дополнително се наплатуваат.

Содржини:

Главен ресторант Le Buffet со шведска маса, A’la Carte ресторани-Da Vinci (Италијанска кујна), Asiana (Кинеска и Јапонска кујна), Daрhne (Турска кујна), Poseidon (рибен ресторан), Vinario (steak restaurant), BBQ A’la Carte ресторан- сите со претходна резервација и со доплата, Food court (самопослужување за брза храна), Neyzen Pancake Pavilion (Турски палачинки), Café Mundo (сервис за кафе и слатки), барови во хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, шопинг центрите се наплатуваат. Wi-Fi интернет бесплатен низ целиот комплекс.

Плажа:
Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплатуваат. Павиљоните дополнително се наплатуваат.

Спорт и забава:

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, Џакузи, две тениски игралишта и осветлување до 22.00ч., одбојка на плажа, кошарка, не моторни спортови на вода, мал фудбал, мини голф, пинг понг. Моторните спортови на вода, салон за убавина, SPA&Wellness центарот, масажа, куглање, билијард, школа за нуркање дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Гала вечери на секои 14 дена, жива музика. Domino Мини клуб за деца од 04-12 год.

 

www.concordehotel.com.tr

Галерија

Програма на патување

Забелешки