Costa MEDITERRANEA

mediterr-pool

 

Costa MEDITERRANEA

 5 дена/4 ноќи 

Италија – Шпанија – Франција
Поаѓање од Савона:   10 Октомври  2018
                                            19 Октомври 2018

COSTA MEDITERRANEA – Карактеристичен по раскошниот ентериер, дизајниран по 17 и 18 вековните сицилиски палати, Коста Медитеранеа е совршен за оние гости кои сакаат да бидат третирани кралски.Tоа е брод инспириран од италијанската елеганција, со фини детали и богатство на уметнички дела. Тоа што го прави Коста Медитеранеа посебен е дефинитивно нeговиот стил на мебел во ренесансен и барок стил, исполнет со уметнички дела. Овие карактеристики, надополнети со одличната забава, вкусната кујна која нуди голем избор, како и големата листа на останати активности го прави овој брод очигледен избор. Кога гостите ќе пристигнат на Медитеранеа, веднаш се пречекани од луксузниот Maschera d’Argento Atrium, како и високо-класниот декор на јавните простории на бродот. Штом веќе ќе бидат сместени, гостите може да посакаат да добијат релаксирачка масажа третман, или пак да се рекреираат во областа за аеробик и фитнес центарот. Други можни атракции за оние кои сакаат да бидат физички активни, одлична можност би биле 150м долгата трака за џогирање, како и тениското игралиште. Четирите базени нудат секојдневно разладување од жешкото сонце, а Казиното Canal Grande е полн погодок за среќниците. Доколку сакате да се забавувате, не го пропуштајте шоуто во Осирис Театарот, или пак да ја посетите дискотеката на две нивоа Селва, како и клубот Медуза.

На бродот може да се исхранувате во ресторанот на две нивоа  Degli Argentieri, бифето Perla del Lago, пицеријата  Posillipo. Пијалоци се служат во Roero Bar, Casanova Bar, Canal Grande Bar, Armonia Bar, Apollo Bar, Solarium Bar и Dioniso Bar. Дополнителни погодности на бродот вклучуваат  Squok Club, интернет кафето, менувачница, шопинг центар, медицински центар, перална и слично.

  • 1057 кабини вкупно, вклучувајќи: 40 велнес 620 со приватни балкони, 54 апартмани со приватни балкони и 4 велнес апартмани со балкон.
  • 4 ресторани, вклучувајќи ги (Клуб Медуза и велнес ресторанот)
  • 12 барови, вклучувајќи ги “Kоњак пури” и “Бар и вино Бар”
  • 4 џакузи, 4 базени еден за деца и тобоган
  • Ишија спа: фитнес центар, сауна, турска бања, УВА-зраци солариум, повеќенаменско спортско игралиште
  • Театар на три нивоа, казино и диско, виртуелниот свет, плејстејшн забава
  • Велнес Програмата е искуство што мора да се доживее барем еднаш во вашиот живот. Таа е посветена на луѓе кои се грижат за ум и тело, поставувајќи рамнотежа меѓу истите. Пријатното чувство трае во текот на вашета крстарење, претварајќи се во незаборавен спомен.
  • Велнес центарот Ишија е рај исполнет со интимност и тишина кои ќе ги обнови вашите сетила меѓу хидромасажните базени и сауната, парната соба и целосно опремената вежбална. Третманите се иновативни и насочени, со многу различни алтернативи да се грижи за вашето лице и тело.

Галерија

Ценовник

 

 

BASIC

 

   

Внатрешна двокревтна кабина *(кат.IV ) по лице  

EUR  237

Прозорска двокреветна кабина * (кат.EV ) по лице

EUR  307

Балконска двокревтна кабина *(кат.BV) по лице

EUR  377

3 и 4то возрано лице EUR 119

EUR 119

 

 

COMFORT

 

   

Внатрешна двокревтна кабина Classic IC по лице

EUR 339

Внатрешна двокревтна кабина  Premium IP по лице

EUR 389

Прозорска двокревтна кабина Classic ЕC по лице

EUR 439

Прозорска двокревтна кабина  Premium ЕР по лице

EUR 489

Балконска двокревтна кабина Classic ВC по лице

EUR 539

Балконска двокревтна кабина  Premium ВС по лице

EUR 609

Доплата за еднокреветна кабина

EUR 539

3 и 4то возрано лице

EUR 170

 

 

*Пристанишна такса EUR 120
***Дете до  18 години во кабина со двајца возрасни  плаќа само пристанишна такса!

 

 

 

Програма на патување

Забелешки