Crystal Sunset Luxury Resort & SPA 5*****

crystal 7

Crystal Sunset Luxury Resort & SPA 5*****

Положба:

Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, 65км од аеродромот во Анталија.
Сместување Вкупен број на соби 584. Стандардни соби 305 (32м², макс.3 лица, вклучувајки и 4 соби за хендикепирани лица), фамилијарни соби Town side 125 (44м², две спални одвоени со врата, купатило, макс.4 лица), Јуниор суит 142 (40м², една спална со дневен дел кој не е одвоен со врата, едно купатило, макс.2+1 лица), Кинг суит 12 (61м², една спална и една дневна со поглед на море со директен пристап на Џакузи, голем балкон, едно купатило со туш). Сите соби се со купатило со када, туш и фен, централна клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци), сеф, под со ламинат, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција, балкон.
Услуга
Ultimate Се вклучено-24 часа храна и пијалоци. За добродојде освежителни пешкири и традиционален Турски пијалак-шербет, појадок, доцен појадок, ручек и вечера, диетална храна, специјална храна за деца, ужина, навечер А’la Carte ресторани со претходна резервација (не е дозволен влез на деца под 7 год), сладолед во Lagoon бар од 16.30-19.00 часот, попладне чај, кафе и колачи, мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови). Увозни премиум пијалоци, специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, енегретски пијалоци, увозни алкохолни пијалоци од 01.00-10.00 часот, А’la Carte ресторани со претходна резервација, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторант Sunset, А’la Carte ресторани- Crystal Cruise (морска храна), Ottoman (турски ресторант), Mediterranean Breeze (медитерански), Orient Express (азиска кујна), ресторант Planet Crystal World, Stairway to Haven (само за возрасни), Bubble Town (ресторант со специјалитети за деца, со претходна резервација, само два пати за време на престојот), барови низ целиот хотелски комплекс, Patisserie (бели пецива), Диско клуб. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, интернет конекција во собите, фризер, продавници, компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплатуваат.
Плажа
Хотелска плажа на 150м, со ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа се бесплатни. Бесплатен превоз до плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со 9 лизгалици, тениски терени, одбојка на плажа, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика, фитнес центар, Туска бања, сауна, соба со пареа, Џакузи. Спортови на вода, масажа, Спа центар, Спа базен, осветлување на тениски терени, куглање, билијард, дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим во текот на денот, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год., со дневна програма, натпревари и Мини Диско во вечерните часови.
www.crystalhotels.com.tr


Галерија

Програма на патување

Забелешки