Dream World Resort & Spa 5*/Side

1 - Dream World Resort & Spa

DREAM WORLD RESORT & SPA

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, оддалечен 6км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 232. Стандардни соби (една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби (две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица) Фамилијарни дуплекс соби (две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица) и 2 соби за хендикепирани лица. Сите соби имаат купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода), сеф (со доплата), ламинат на подот, LCD TV со сателитски проиграми, балкон.

Услуга
Се Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладне торти и колачи, ужина, вечера, ужина во доцните часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, мини бар во собите, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, Beach snack. Не е вклучено: увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, шампањ, Турско кафе, свежо цедени сокови, послуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани Турски, Италијански, рибен, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI – FI интернет конекција во Лоби е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна плажа, на 350 метри од хотелот, песочна, со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни. Бесплатен превоз на релација хотел – плажа – хотел.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени (внатрешните не работат во летниот период) за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг се бесплатни. Масажа, Спа центар, салон за убавина, билјард, спортови на вода дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.

Галерија

Програма на патување

Забелешки