Fourka / Villa Flegos

Kasandra Furka FLEGOS (1)_m

Веројатно за најголемиот број од туристите на Халкидики кои се прошетале долж двете страни на првиот крак, градчето Furka претставува едно од највпечатливите места кои ја дефинираат туристичка понуда на Касандра, со поглед кон заливот Термаикос и Солун. Иако не така експонирана, десната страна на Касандра (гледано кон морето) е сепак прекрасно дело на природата, која смело се поиграла со копното наспроти широчината на големиот залив и отвореното Егејско море. Градчето Фурка, како и многуте туристички места кои се нижат покрај оваа страна од првиот крак, е препознатливо по своите специфични географски карактеристики. Опкружено со пошумените страни на блиските ридови, положено покрај песочните плажи и синото море, ова место оддамна ги освоило своите први туристи. Добрата инфраструктура, организираните и квалитено изградени објекти за сметсување, туристичките содржини… на Фурка и ја дале карактеристиката за едно од најубавите места на десната страна од Касанрда.

Villa Flegos е голем комплекс во форма на поврзани хациенди, кои во својот состав броји повеќе различки студија и апартмани. Опкруженоста со зеленило, близината на градскиот плоштад, шеталиштето и плажата, “Флегос” го карактеризира како интересен објект за сите потенцијални гости. Сите студија се комплетно опремени со потребните содржини од мебел, ТВ, клима уред, тоалет, мини-кујна… Широките балкони ориентирани кон убаво средениот двор, опремени со гарнитура за седење, даваат навистина пријатен впечаток со поглед кон околината, за време на престојот.

Галерија

Ценовник

 

 

  наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
  термин 19 26 2 9 16 23 30 7 14 21 28 4 11 18 25 1 8 15 22
  ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
  APT1B 1/3 (3 лица) 119 149 186 205 225 248 272 300 329 353 353 353 353 321 279 232 186 149 119
FLEGOS “B” (tv, ac) до 31.Март 111 139 173 191 210 231 253 279 306 329 329 329 329 299 260 216 173 139 111
Фурка / Касандра APT1B 1/3+exb (4 лица) 124 155 194 213 235 258 284 312 343 368 368 368 368 334 291 242 194 155 124
  до 31.Март 116 145 181 199 219 240 265 291 319 343 343 343 343 311 271 226 181 145 116

- Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

 

 

Програма на патување

Забелешки