Casadani’s Guest House, Mahe

CASADANI 3

CasaDani е мал хотел лоциран на северот на Главниот остров на Сејшелите, Махе на само неколку минути пешачење до познатата и прекрасна Marie-Laure beach. Од терасата се пружа неверојатен поглед кон Silhouette & North Island како и кон најпознатата плажа Beau Vallon. Благодарение на пријателскиот и гостољубив менаџмент, за CasaDani може слободно да се каже дека претставува ВИСТИНСКИ ДОМ ДАЛЕКУ ОД ДОМА.

Ние им приоѓаме на нашите гости во традиционален манир, ги почитуваме нивните потреби и успешно се справуваме со нивните желби. Во CasaDani сè е можно.
Појадокот се служи од 08:00-10:00 за кое време, уживајќи во прекрасниот поглед ќе имате можност да вкусите најразлични тропски овошја. Вечерата која ја подготвува нашиот искусен готвач претставува избор од креолската и интернационалната кујна. Ако ви се допаѓа рибата, тогаш CasaDani е вистинското место. Тука ќе имате можност да ги пробате сите видови на свежа риба зготвена во различни стилови.
Сите соби се климатизирани и опремени со мини бар фрижидер и кабловска телевизија. Тие исто така имаат веранди, така што ќе може да уживате непрекидно во извонредната глетка..
Иако создадовме пријатен амбиент во нашето делче од рајот, веќе превземаме и дополнителни активности со цел да им овозможиме на нашите гости што е можно повеќе комодитети и удобности кои ќе го зголемат нивното задоволство и ќе го направат нивниот одмор со нас, незаборавен.

Галерија

Ценовник

Casadani’s Guest House,
Mahe Island

Време на престој

до 31.10.2018

Услуги

BB

HB

Ноќевања

 9

9

Цена по лице во двокреветна соба

795 € 

925 €

 

Забелешки