Kинески триаголник-Хонг Конг,Mакао,Гуангзоу

is

09.11.-18.11.2018

10  дена/ 7 ноќевање

Авион

Хонг Конг,  економски џин на Азија и посебна провинција на Народна Република Кина … покрај тоа што се смета за најпопуларно место за шопинг, посебниот  начин на живот на луѓето во Абердин ,како и пристаништето и неверојатно романтичните  места с0 илјадници светилки,кои се огледаат во водата, плажите на Заливот, како и Пик транваите  го чинат Хонг Конг да биде  неизбежна туристичка дестинација .

Макао е најстарата  прва европска колонија во Кина.Изграден е од страна на Португалија од 1557 г.на 30км2 територија на делтата на Бисерната река.Се наоѓа на 64 км источно од Хонг Конг и 45 км јужно од  градот Гунагџу.Макао  кој кинезите го нарекуваат  Огледало на Океанот е и последна европскаа колонија која е вратена на матицата.Од 1999г.   Макао добил статус на специален   административен реон на Кина.Овој регион е еден од двата “посебни административни региони” во Кина, по Хонгконг. Жителите на Макао воглавно зборуваат кантонски кинески. Мандарински кинески, португалски и англиски се исто така во употреба.Макао се состои од Макајски Макајскиот Полуостров и два острова - Таипа и Колоане, кои се поврзани со земја која е земена од морето (reclaim land).Денес Макао  со своите 650.000 жители,го нарекуваат и азиски Лас Вегас поради голем број на коцкарници и  ноќен живот во амбиент на разноврзноста на иберијското и  кантошкиот темперамент,архитектуата и кулинарството.

Гуанџоу е престолнина на провинцијата Гуангдонг кој има 100 милиони жители.Овој град е денес дом за 14 милиони жители. и еден од Алфа  глобален економски центар.Бизнисмени од 180 земји доаѓаат секоја година на саемот за трговија кој има традиција од 1957г.Бил колевка  на големата кинеска револуција,а денес е мултинационален мегаполис и престижен економски центар на Кина,кој привлекува и туристи со своето културно наследство и космополитската атмосфера.

 

 

 

Галерија

Ценовник

       

 Сместување

Услуга

Цена  по лице  во 1/2 соба

Доплата за 1/1 соба

Хотел 4*

ноќевање со појадок

 

1060 €

 

 

390 €

 

 

Програма на патување

Забелешки