Kiwengwa Beach Resort 5*

kiw 20

Kiwengwa Beach Resort 5*****

Kiwengwa Beach Resort се наоѓа на североисточниот брег и е еден од најдобрите хотели на Занзибар. Хотелот само што е целосно реновиран, како спалните соби така и јавните површини.

 Архитектот избра да ги комбинира типичните топли бои на Африка, кои се користат за заедничките простории, и бојата на типичното сино море, која се користи во внатрешноста на собите: крајниот резултат е префинет стил кој целосно го почитува амбиентот и во атмосферата му презентира нешто посебно, нешто уникатно.

 Kiwengwa Beach има 120 соби од кои дел се ориентирани кон најдолгата бела песочна плажа на островот а дел кон прекрасната, тропска градина.

Главниот ресторан во Kiwengwa нуди оброци на база на шведска маса, а на располагање на гостите се уште два ресторани, Грил ресторанот кој има прекрасен поглед кон новиот базен и a la carte, ресторанот кој е лоциран директно на плажа.

Kiwengwa Beach Resort е директно на плажа на Kiwengwa, има своја приватна зона опремена со лежалки и чадоир.

За гостите се обезбедени и пешкири за на плажа и за базенската област.

Хотелот располага и со Спа центар, во близина на плажата со 2 сали за масажа, амам, салон за коса и нокти, како и со Тераса со панорамски поглед.

Други содржини се: рецепција, базен со тераса, шатл-служба или приватна лимузина, спортови на вода, одбојка на плажа,тенис, мини голф, изнајмување на велосипеди, 2 продавници, туристички агенции пред бирото, масажа на плажа,диско, забава, музика во живо ….

SKRATENA

 

 

Галерија

Ценовник

 АВИО БИЛЕТ + 1 НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК ВО ДОХА +10 НОЌЕВАЊА ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА
 
Kiwengwa Beach Resort 5*,Kiwengwa  УСЛУГА  до  31.12.2017 01.01 – 31.01.2018 01.02 – 28.02.2018
Цена по лице DBL

FB

од 1.195  €

од 1.345  €

1.325  €

Цена по лице во DBL

AI

 од 1.335 €

од 1.555  €

 1.545  €

* Цените се во евра, плаќањето се врши исклучиво во денари 1€=62мкд

Забелешки