Leptokaria / Villa Domes

Leptokaria DOMES (2)_m (1)

Градот под планината Олимп - Leptokaria, или пак некогашната ”Скопска дестинација”, сеуште го навраќа сеќавањето на убавите времиња поминати покрај нејзините плажи. И покрај туристичкиот инвестициски бум кој во Лептокарија е особено видлив во последните неколку години, сеуште убавите спомени и традиционалното гостопримство на нејзините жители се отворена покана за нашите туристи. Веќе познатите и прифатени објекти од нашата понуда, како и достапните цени за сместување, се само дополнителен мотив за целосно нејзино враќање на домашниот пазар. Лептокариа денеска е прекрасен град кој изобилува со мноштво нови објекти за сместување, изградени според високите стандарди на туризмот. Видно изменетата инфраструктура само го надополнува севкупниот впечаток за нејзината туристичка понуда. Освен со убавата плажа и добро уредените шеталишта и паркови, овој град ќе ве плени и со неговата гостопримливост.

Apartments Domes e веќе познат објект за сместување во Лептокарија, кој се наоѓа во крајбрежниот појас на градот. Истиот се состои од два комфорни апартмани од А категорија, кои се карактеризираат со своите специфичности. Едниот апартман е сместен на кровната тераса од трикатната зграда, кој во својот состав брои три стандардни кревети и една софа како дополнителен лежај. Исто така располага со мини кујна, тоалет, ТВ и клима уред, како и огромна летна тераса со околу 100 м2 поплочен простор и целосен поглед кон морето, небото и градот. Во приемјето на истата зграда е вториот апартман кој располага со две спални соби, големо купатило и дневна соба со кујна, како и две убаво уредени тераси во предниот и задниот дел кон дворот. Секако е опремен и со ТВ, клима уред и останати потребни уред. Паркингот е можен во нивната непосредна близина.

Галерија

Ценовник

Наем: 7 ноќевања со сопствен превоз

- Цените се однесуваат на наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

Програма на патување

Забелешки