Leptokaria / Villa Erato

Leptokaria ERATO (2)_m

Градот под планината Олимп - Leptokaria, или пак некогашната ”Скопска дестинација”, сеуште го навраќа сеќавањето на убавите времиња поминати покрај нејзините плажи. И покрај туристичкиот инвестициски бум кој во Лептокарија е особено видлив во последните неколку години, сеуште убавите спомени и традиционалното гостопримство на нејзините жители се отворена покана за нашите туристи. Веќе познатите и прифатени објекти од нашата понуда, како и достапните цени за сместување, се само дополнителен мотив за целосно нејзино враќање на домашниот пазар. Лептокариа денеска е прекрасен град кој изобилува со мноштво нови објекти за сместување, изградени според високите стандарди на туризмот. Видно изменетата инфраструктура само го надополнува севкупниот впечаток за нејзината туристичка понуда. Освен со убавата плажа и добро уредените шеталишта и паркови, овој град ќе ве плени и со неговата гостопримливост.

Villa Erato се наоѓа на главната улица, која завршува пред градската плажа и шеталиштето во Лептокарија. Лоцирана на само педесетина метри од песочната плажа и непосредно до сите движења во овој дел од градот, за многумина гости ќе претставува најдобар избор за одмор. Во својот состав, овој објект вбројува дваесетина студија и апартмани за сместување на гостите, сите опремени со квалитетен мебел, мини кујна, тоалет, клима уред (со доплата во објектот) и сопствен балкон или тераса. Мал дел од двокреветните студиа, кои имаат помал тоалет или немаат балкон, се специфицирани во табелата како (1/2eco за 2 лица).

Галерија

Ценовник

 Наем: 7 ноќевања со сопствен превоз

 

- Цените се однесуваат на наем на студио или апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

Програма на патување

Забелешки