Малдиви и Шри Ланка

baros.jpg

Тргнете во обиколка на Индискиот Океан          
18. Мај 2018 – 30. Мај 2018
(10 ноќи / 13 дена)

МАЛДИВИ – Рајски  строви со бел корален песок, кокосови палми, изобилие од тропски растенија и прекрасен и необичен подводен свет. Места кои се одликуваат со својата единственост и кои никогаш повторно нема да ги најдете. Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 23 до 32 степени, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Опуштете се и релаксирајте на прекрасните, снежно бели, корални плажи на Малдиви, каде ќе ве воодушеви подводниот свет, затоа што овие острови се вистински рај за нуркачите … а потоа ….
Шри Ланка. Волшебни пејсажи – водопади, тропски шуми, плантажи со чај … сегде околу вас релаксирачко зеленило … јавање на слонови низ џунглата, посета на плантажите со чај , на ботаничките градини, автентичните села, храмови, одгледувалишта на слонови и, се разбира, на средби со насмеаните лица на локалното население. Мирисајте ги орхидете во ботаничката градина на Кенди – пазете се од отровни змии, ѕирнете во храмот на Будиниот Заб, искачете се на Лавовската карпа – SIGIR, посетете го комплексот на храмови во карпа , најголемиот и најдобро сочуван во Шри Ланка – Dambulla, Слушнете ја моќта на водата што ги формира карпите – бројните водопади заштитени со тропски шуми ќе ви ја вратат енергијата 

HOLIDAY ISLAND RESORT & SPA 4*
Локација и оддалеченост: Adh. Dhiffushi (700 m x 100 m) South Ari Atoll 97 км од аеродром 17 мин. со хидроавион
Сместување: 142 Superior Beach Bungalow: 25.61m2             
Опис: Во Holiday Island Resort & Spa времето застанува. Кристалната вода и меките песочни брегови ги канат гостите на едно од последните недопрени рајски места во светот. Чистата убавина комбинирана со персонализираната услуга и модерната екстраваганција ќе ви овозможат право место да го обликувајте вашиот одмор од соништата. Истражете ги подводни богатства во една од светските врвни локации за нуркање. Без разлика дали пиете коктел на вашата тераса или се наоѓате на белиот корален песок, затскријте се во тишината на овој прекрасен остров и уживајте во вашиот идеален тропски рај.
Содржини: Главен бар, сервис за облека, главен ресторан, школо за нуркање, интернет катче, центар за водени спортови, доктор, спортски сала, спортски терени, сауна.

Галерија

Ценовник

HOLIDAY ISLAND RESORT & SPA 4* (Малдиви) + Хотел 4* (Шри Ланка)

ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ

19.05.2018 – 29.09.2018

УСЛУГИ

HB

НОЌЕВАЊА

7 + 3

Цена по лице во двокреветна соба

1355 / 84.010 мкд

Цена за резервации до 31. Октомври

1255 / 77.810 мкд

Доплата за еднокреветна соба

/ мкд

Програма на патување

Забелешки