Малта

малта 5

МАЛТА СО АВИОН

ТЕРМИНИ 14,21 И 28 ЈУЛИ И 04 АВГУСТ – 8 ДЕНА/7 НОЌЕВАЊА

 Малта е прекрасна дестинација со тиркизно море, добри плажи, богато културно наследство, архитектура која воодушевува, голем избор на различни ресторани и локали за динамичен ноќен провод.

На Малта се шири љубов и насмевка, прекрасна храна со европско, арапско и африканско влијание и вкусно локално вино. Валета, главниот град на Малта е заштитен од УНЕСКО, град во кој се наоѓа третиот најстар европски театар Manoel.

Се е релативно близу, транспортната мрежа е исклучително организирана, така што без проблем се стигнува од едниот на другиот крај на островот.

 Малта, Гозо и Комино

Република Малта е островска држава во Средоземно море која се состои од неколку острови од кои само три се населени: Малта, Гозо и Комино.

Во земјата живеат помалку од половина милион жители, но според површината, е една од најгусто населените земји во светот.

Летувалишта: Valletta, Sliema, St. Julian’s, Qawra, Bugibba, Mellieha
St. Julian’s е најголемо и најпосетено туристичко средиште во Малта, со интересни згради и палати од времето на британското владеење, заливи, песочни и камени плажи… Paceville е средиште на ноќната забава со многу барови и дискотеки. Главниот град Валета е оддалечен десетина километри и е поврзан со автобуски линии. Живописното туристичко место Sliema сместено на североистпчниот брег на Малта на 7 км од главниот град Валета, поврзан со локални автобуски линии. Sliema има 3 километарско шеталиште покрај море, опружено со згради и палати, одличен шопинг, кафичи, ресторани и спортски содржини. Со прошетка покрај море брзо се стигнува до St. Julian’s. 

Хотел GOLDEN TULIP VIVALDI 4* (www.goldentulipvivaldihotel.com) се наоѓа во атрактивниот дел Paceville во St. Julian’s, така што бројните клубови, ресторани и продавници се во негова непосредна близина. Во главниот ресторан храната се служи на принцип шведска маса, а хотелот има и бар со лесни јадења, затворен базен, џакузи и теретана кои се бесплатни. Користењето на сауна и турско купатило се со доплата. Во сите стандардни соби може да се сместат максимум 3 лица и имаат купатило со када или туш кабина, клима уред, балкон, телефон, сателитска ТВ, мини бар, фен. Сефот е на рецепција и е со доплата. Супериор собите со поглед на море се поголеми од стандардните соби и во нив може да се сместат 4 лица. На 100 метри оддалеченост од хотелот има плажа и на 300 метри автобуска станица.

Хотел ALEXANDRA 3* (www.alexandrahotelmalta.com) се наоѓа во центарот на St. Julian’s, локација погодна за прошетки и забава покрај продавниците и рестораните. Хотелот располага со 188 соби со тераса и 22 апартмани распредени на 6 катови.  Сите стандардни соби се климатизирани, со купатило, балкон, сателитска ТВ, телефон. Сеф , фрижидер и фен се достапни на барање со соодветна доплата. Некои од собите гледат на базен, додека оние на повисоките катови имаат оддалечен поглед кон морето. Хотелот има надворешен базен и бар на највисокиот спрат со поглед на Средоземното море, затворен базен, џакузи и Спа центар, игротека и елегантно уреден модерен ресторан. На околу 500 метри оддалеченост од хотелот има плажа и на 300 метри автобуска станица.

Галерија

Ценовник

HOTEL GOLDEN TULIP VIVALDI 4*

14.07-21.07

21.07-28.07

28.07-04.08

04.08-11.08

Денови/Ноќевања

8/7

8/7

8/7

8/7

Во 1/2 стандардна соба, НП

689

699

719

719

Трето лице на дополнителен кревет

489

489

489

489

 Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет

299

299

299

299

Во 1/2 superior соба поглед на море, НП

789

799

799

799

Трето лице на дополнителен кревет

499

499

499

499

 Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет

299

299

299

299

 

HOTEL ALEXANDRA 3*

14.07-21.07

21.07-28.07

28.07-04.08

04.08-11.08

Денови/Ноќевања

8/7

8/7

8/7

8/7

Во 1/2 стандардна соба, НП

599

629

659

659

Трето лице на дополнителен кревет

539

539

539

539

 Дете 2 – 12 год на дополнителен кревет

399

399

399

399

Програма на патување

Забелешки