Мексико / Канкун

palm 1

МЕКСИКО – По стапките на Маите и одмор на белите песочни плажи во Канкун

06.12.2019 – 17.12.2019
 (11 дена / 9 ноќевања)

Мексико се смета за една од најпопуларните туристички дестинации. Испреплетеноста на традиционалниот со модерниот живот овозможува Мексико да нуди многу разновидности надополнети од страна на уникатни археолошки локалитети, пустини и врвови на Андите, вулкани и песочни плажи, мали  колониални градови со зачувана  архитектура на шпанските  освојувачи и  остатоци од  античките  населби и светилиштата на Маите и Ацтеките.
Културата на Маите владеела на полуостровот Јукатан, на југоисточната страна на Мексико, затворен од Мексиканскиот Залив и Карипското Море.  Во оваа област, Маите го достигнале својот  супериорен степен на развој. Сепак, цивилизацијата на Маите достигнала огромно проширување, од јужното Пацифичко крајбрежје на Мексико до Централна Америка. Трагите на номадските населби на Маите се враќаат во 1500 година п.н.е. Познати во нивните градежни техники, нивните врежани натписи на нивните Пирамиди, згради и храмови. Маите развиле структура на пишување, користејќи хиероглифи и така воделе запис за наодите на Маите во математиката, архитектурата и астрономијата. 
‘’Акцентите на Јукатан’’ е комплетна тура во  светот на Маите вклучувајќи го и Канкун, градот кој се наоѓа на Карипско Море со 22 километри бели песочни плажи и тиркизна вода. Поделен на пет зони, островот Канкун е првата и најважна хотелска зона,  каде што се концентрирани повеќето од плажите и туристичките активности. Во моментов, оваа дестинација е дом на најголемите хотелски ланци во светот, луксузни одморалишта, ресторани и барови, продавници од светски познати брендови, трговски центри, терени за голф и ноќни клубови. Канкун е една од омилените дестинации на голем број туристи во светот кои  што уживаат во прекрасното време, најубавите плажи во земјата, гастрономијата и многубројните продавници. Посетителите можат да уживаат во разни активности и неверојатен панорамски простор, што ќе им даде чувство дека се  во рајот.

svetsko cudo

Галерија

Ценовник

 

Хотел 4*
 Oasis Palm 4* Канкун

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ

06.12.2019 – 17.12.2019 

ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ

07.12.2019 – 16.12.2019

УСЛУГИ

3BB + 6AI

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

9Н / 11Д

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 30.Април.2019

1795€ / 111.290мкд

Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 20.Септември.2019

1855€ / 115.010мкд

Цена по лице во двокреветна соба

1955 / 121.210мкд

Доплата за еднокреветна соба

395€ / 24.490мкд

 

  

 

Програма на патување

Забелешки