MSC Fantasia

MSC_Fantasia

MSC Fantasia – Италија, Шпанија, Мароко, Португалија

MSC Fantasia Овој брод е патувачки свемир кој нуди максимум уживање и забава. Најновиот брод на флотата на MSC крстарење е ремек дело во италијански стил; совршена комбинација на напредна технологија, елеганција и ексклузивна услуга. MSC Fantasia содржи 27 000m2 простор наменет за уживање во текот на крстарењето: “Aurea Spa”, 5 ресторани, 4 базени, 12 хидромасажни базени, кафичи, продавници, детски игралишта, симулатор Формула 1 и интерактивно 4D кино. Aurea Spa центарот е опкружен со термални извори. Нуди авангардни третмани за подобрување на Вашето тело убавина и здравје.. Исто така нуди: терапевтска лековита кал, парфимирани сауни, естетски масажи и уште многу други изненадувања. MSC Fantasia воедно е и првиот брод со ексклузивен простор : MSC Yacht Club кој содржи 99 пространи апартмани, бар, солариум, 2 хидромасажни базени и 1 отворен базен. Ексклузивниот простор на MSC Fantasia во кој ништо не е препуштено на случајност, опремен е со сите детали на единствена елегантна јахта. Во текот на целото крстарење бродот Ви нуди нешто што неможете ни да замислите. Намештајот е внимателно биран поради својата елеганција и софистицираност. За прв пат на некој брод гостите ќе имаат можност да го осетат чувството да одат на под направен од кристали на Swarovski. Застаклениот кров им овозможува на гостите прекрасен поглед на звезденото небо во текот на крстарењето. Поминете незаборавно крстарење со MSC Fantasia…

СМЕСТУВАЊЕ:
Внатрешна кабина големина околу 16м2. Единечни кревети кои можат да бидат на барање поврзани како брачен кревет (освен хендикепирани кабини), климатизација, бања со туш, интерактивна ТВ, радио (достапни преку ТВ канали), телефон, интернет пристап (не е вклучено во цена), мини бар, сеф.
Прозорска кабина со поглед кон море големина околу 17 до 20 м2. Единечни кревети кои можат да бидат на барање поврзани како брачен кревет (освен хендикепирани кабини), климатизација, бања со туш, интерактивна ТВ, радио (достапни преку ТВ канали), телефон, интернет пристап (не е вклучено во цена), мини бар, сеф.
Апартман со балкон големина околу 30 м2. Единечни кревети кои можат да бидат на барање поврзани како брачен кревет (освен хендикепирани кабини), климатизација, бања со туш, интерактивна ТВ, радио (достапни преку ТВ канали), телефон, интернет пристап (не е вклучено во цена), мини бар, сеф.

 БРОДСКИ СОДРЖИНИ:
Ресторан RED VELVET се одликува со посебниот дизајн на неговото внатрешно уредување со црвени кадифени канабиња лустери од Мурано стакло, рефиниран порцелан, кристални чаши и сребрен прибор. Секоја вечер изборот на јадења е различен посветен на Италијанската кујна и избор од најпознати вина. Ресторан Cerchio d’Oro, на самата крма на бродот, се истакнува со прекрасен панорамски поглед. Tex Mex El Sombrero е вистински избор за љубителите на зачинетета храна

Галерија

Ценовник

MSC FANTASIA 
7 ноќевања  
Цена по лице  од 469 €  + пристанишни такси 120 € 
Поаѓање од: Genoa 
Датуми на поаѓање: 06, 13, 20, 27 Септември
Поаѓање од: Naples
Датуми на поаѓање: 07, 14, 21, 28 Септември

 

Итинерер: Genoa (Italy) – Naples (Italy) - Messina (Italy) – Valleta (Malta) – Palma de Mallorca (Spain) – Barcelona (Spain) – Marseille (France)

 

 

  

Програма на патување

Забелешки