Nei Pori / Villa Anastassios

Nei Pori ANASTASIOS (1)_m

Nei Pori е место, кое сеуште претставува најурбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пирериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелеите појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, Картинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотиф за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните, а објектите кои се наоѓаат во понудата и оваа година, со нескриено задоволство Ви ги презентираме повторно.

Villa Anastasios е лоцирана на втората линија објекти, на околу 100 метри од плажата во централниот дел на Неи Пори. Сместувањето во нејзе е организирано во студија кои се наоѓаат на првиот кат. Куќата се наоѓа во мирниот дел на Неи Пори, во близина на неколку продавници и тивки ресторани. Одлична е за семејства со помали деца. Студијата се опремени со тоалет и туш, мини кујна, балкон, ТВ и клима уред. Како објект кој веќе петта сезона се наоѓа во нашата понуда, оваа вила е секако една од најпрепознатливите објекти од летната понуда. Гостопримливите домаќини кои се грижат за гостите од Анастасиос и од Магас се секако најбитата нивна карактеристика.

Галерија

Ценовник

Наем: 7 ноќевања со сопствен превоз

 

- Цените се однесуваат на наем на студио, за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

 

 

Програма на патување

Забелешки