Nei Pori / Villa Maggas

Nei Pori MAGGAS (1)_m

Nei Pori е место, кое сеуште претставува најурбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пирериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелеите појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, Картинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотиф за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните, а објектите кои се наоѓаат во понудата и оваа година, со нескриено задоволство Ви ги презентираме повторно.

Maggas Apartments се наоѓа веднаш до вилата Анастасиос во Неи Пори. Објектот располага со неколку студија и апартмани, пространи и одлично опремени со тоалет и туш, кујна, ТВ и клима уред, како и балкон односно тераса. Апартманот е со две посебни соби со одвоена кујна и тоалет. Внатрешната организираност и тивкиот престој е императив за мирен и убав одмор. Особено е препорачлива за фамилијарни луѓе кои посакуваат мирен и тивок одмор, а секако и за оние кои се во години и од одморот навистина очекуваат мирни и пријатни мигови под сенките на дрвјата во дворот. Близината на супермаркетот од само неколку метри е идеална можност за во текот на престојот.

Галерија

Ценовник

 

  наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
  термин 19 26 2 9 16 23 30 7 14 21 28 4 11 18 25 1 8 15 22
  ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
  APT1B 1/2+1 (3 лица) 122 152 190 209 230 253 278 306 336 360 360 360 360 327 285 237 190 152 119
  до 31.Март 114 142 177 195 214 236 259 285 313 335 335 335 335 305 266 221 177 142 170
MAGGAS “B” APT1B 1/2+2 (4 лица) 127 159 198 218 240 263 290 319 350 375 375 375 375 341 297 247 198 158 159
(tv, ac) до 31.Март 119 148 185 203 224 245 270 297 326 349 349 349 349 318 277 230 185 147  
Неи Пори APT2B 2/2+1 (5 лица) 170 212 265 292 321 353 388 427 469 502 502 502 502 457 397 331 265 212  
  до 31.Март 159 198 247 272 299 329 361 398 437 467 467 467 467 426 370 308 247 198  

 

 

- Цените се однесуваат на наем на студио или апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

Програма на патување

Забелешки