Nydri / Villa Rigas

Lefkada Nidri RIGAS (2)_m

Неговата местоположба и севкупна понуда беа неговите адути за нашиот избор. Nidri е прекрасна фотографија на природата. Поглед кон копно, поглед кон море… секаде исто – несекојдневна убавина. Градчето кое како најпознат туристички центар на Лефкада со години го диктира туристичкиот развој на островото и денес е најбараната негова детинација за одмор. Пиењето кафе со поглед кон морето од терасите долж неговото шеталиште, одморот под сенките на дрвјата виснати над малите плажи, пловењето со брод или чамец до островите на дофат од него и уживањето во нивната негибната природа се само неколкуте можности за несекојдневен престој на него. А доколку решите да се запознаете со јонските острови, со еднодневната тура на бродовите кои испловуваат од него ќе допрете до природата која секојпат ќе Ви буди спомени.

Rigas Apartments е одличен објект, лоциран во првата линија на Нидри. Од едната страна достапен преку главната улица во Нидри, а од другата страна со само триесет метри оддалеченост од убавата плажа, Ригас сосема сигурно ќе го заслужи вашето внимание. Во својот состав брои неколку студија за сместување и повеќе соби кои нудат хотелски тип на сместување. Исклучително добро организираниот сервис, како и близината до градските и летните содржини, овој објект го прават наинтересен во овогодишната понуда за Лефкада. Студијата се воглавно двокреветни или со помошно легло, а опремени се со сопствена мини кујна, ТВ, клима, тоалет и балкон. 

Галерија

Ценовник

 

  наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
  термин 18 25 1 8 15 22 29 8 17 26 4 13 22 31 7 14 21
  ноќевања 7 7 7 7 7 7 9 9 9 9 9 9 9 7 7 7 7
  STD 1/2 (2 лица) 99 123 154 177 204 233 345 396 436 480 480 480 399 260 217 173 139
RIGAS “B” (tv, ac*) до 31.Март 93 115 144 165 190 217 321 369 406 447 447 447 372 242 202 161 130
Нидри STD 1/2+exb (3 лица) 103 129 161 185 212 244 361 414 455 502 502 502 418 271 226 180 145
  до 31.Март 96 120 150 173 198 227 336 386 424 467 467 467 389 253 211 168 135

- Цените се однесуваат на наем на соба или студио за 7 или 9 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

 

Програма на патување

Забелешки