Olympic Beach / Villa Elefteria

Olympic Beach ELEFTERIA (1)_m

Oва убаво место, иако релативно ново, во последните петнаесетина години успеа да изгради целосно сопствен идентитет на туристичка дестинација. Близината на неговата постара “сестра” – Паралија, не му пречеше да се издвои, надминувајќи ги нејзините квалитети во многу компоненти кои денес го карактеризираат секое подобро уредено туристичко место во Грција. Olympic beach веќе се вбројува во едно од најубаво уредените и најпосетените места, во овој голем туристички регион. Успешно спроведената урбанизираност, со сите придобивки кои ги запазуваат еколошките и модерните стандарди на живеење, на главниот адут на ова место – плажата, со години и го обезбедуваат признанието, истакнато преку плавото знаменце за еколошки чиста – животна средина.

Villa Elefteria се наоѓа во средишниот дел од Олимпик бич, на околу 150 метри оддалеченост од песочната плажа. Се карактеризира како модерно опремен објект од Б категорија, кој во својот состав брои 15 студија за сместување. Сите располагаат со сопствен тоалет со туш, мини кујна, балкон, ТВ и клима уред. Во неговото приземје, под самиот објект, се наоѓа голема заедничка тераса во чија сенка е можно дружење на гостите кои престојуваат во објектот.Вилата Елефтерија, во приземјето е опремена со дополнителни санитарни простории кои им се на услуга на гостите при реализирањето на смените на групите.

Галерија

Ценовник

Наем: 7 ноќевања со сопствен превоз 

 

- Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

Програма на патување

Забелешки