Parga / Villa Bellos

Parga BELLOS (1)_m

Сместувањето во Parga, кај најголемиот број туристи е ориентирано кон локалните објекти за сместување кои располагаат со студиа и апартмани. Независноста за време на престојот, прилагодена на сопствениот распоред на времето е императив за најголем дел од нејзините гости. Сето тоа е особено битно, кога ќе се земе в предвид потребната подвижност и секојдневно патување до прекрасните околни плажи, археолошки и туристички локалитети. Самиот град со својата местоположба, наметнува асистенција при сместување од страна на локалните туроператори, кои со мали комбиња и пик-ап возила од локалниот паркинг за автобуси, ги пренесуваат патниците и багажот до нивните објекти. Парга е навистина специфично, но сепак прекрасно место за незаборавен одмор.

Apartments Bellos е убава куќа сместена во непосредна близина на центарот во местото Парга. Лоцираноста во една од мноштвото тесни улички кои се симнуваат кон шеталиштето и градските плажи, веројатно ќе го привлекува  вниманието на потенцијалните гости. Студијата и апартманите во нејзе, се стандардно опремени и истите располагаат со сиот потребен комфор за пријатен престој. Влегувањето низ убаво уредениот и цветен двор, нуди дополнителен впечаток за типичен објект со препознатливата архитектура на Парга.

Галерија

Ценовник

 

 

  наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
  термин 18 25 1 8 15 22 29 8 17 26 4 13 22 31 7 14 21
  ноќевања 7 7 7 7 7 7 9 9 9 9 9 9 9 7 7 7 7
  STD 1/2 (2 лица) 94 117 140 161 185 212 314 360 396 436 436 436 363 236 189 151 121
BELLOS “B” (tv, ac*) до 31.Март 88 109 131 150 173 198 293 335 369 406 406 406 338 220 176 141 113
Парга STD 1/3 (3 лица) 98 122 146 168 193 222 328 377 414 456 456 456 380 246 197 158 126
  до 31.Март 92 114 136 157 180 207 306 351 386 425 425 425 354 229 184 147 118

Програма на патување

Забелешки