Parga / Villa Mathina

Parga  MATHINA (1)_m

Сместувањето во Parga, кај најголемиот број туристи е ориентирано кон локалните објекти за сместување кои располагаат со студиа и апартмани. Независноста за време на престојот, прилагодена на сопствениот распоред на времето е императив за најголем дел од нејзините гости. Сето тоа е особено битно, кога ќе се земе в предвид потребната подвижност и секојдневно патување до прекрасните околни плажи, археолошки и туристички локалитети. Самиот град со својата местоположба, наметнува асистенција при сместување од страна на локалните туроператори, кои со мали комбиња и пик-ап возила од локалниот паркинг за автобуси, ги пренесуваат патниците и багажот до нивните објекти. Парга е навистина специфично, но сепак прекрасно место за незаборавен одмор.

Mathina Apartments е убава куќа, лоцирана на десната страна на Парга во близина на патеката која води кон големата плажа Валтос. Во својот состав, овој објект брои неколку студија кои се опремени со потребен мебел, сопствен тоалет, мини кујна, ТВ и клима уред, како и балкони со поглед кон градот. Нивната уреденост и локација, како и одличниот сервис на домаќините, ги издвојуваат како одличен објект за сместување при престојување во прекрасната и единствена Парга.

 

Галерија

Ценовник

 

  наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
  термин 18 25 1 8 15 22 29 8 17 26 4 13 22 31 7 14 21
  ноќевања 7 7 7 7 7 7 9 9 9 9 9 9 9 7 7 7 7
  STD 1/2 (2 лица) 106 131 163 187 215 247 366 421 462 509 509 509 424 275 220 177 141
MATHINA “B” (tv, ac*) до 31.Март 99 122 152 174 200 230 341 392 430 474 474 474 395 256 205 165 132
Парга STD 1/2+1 (3 лица) 114 141 170 195 225 258 381 439 482 530 530 530 442 287 229 184 147
  до 31.Март 107 132 159 182 210 240 355 409 449 493 493 493 412 267 213 172 137

 

  - Цените се однесуваат на наем на студио за 7  ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD).

 

Програма на патување

Забелешки