Polichrono / Villa Stasha

Polihrono STASHA  (1)_m

Polihrono, сосема оправдано го носи епитетот за еден од трите бисери на Касандра. Ова место е познато од дамнешни времиња, при што се верува дека него го формирале доселениците од Еретрија во 650 година п.н.е. и го нарекле – Неаполис. Подоцна градот го уништуваат Хуните, за да на неговото место локалните сточари многу години потоа, го формираат денешното Полохроно. Името го добило по многубројното и разнобојното цвеќе со кое и денес се карактеризира неговата околина. Последните освојувачки уништувања ги доживува во 1821 година од Турците, за да конечно биде слободно во 1912 година. Ова некогашно рибарско село, кое со многуте други места на полуостровот Халкидики последните триесетина години доживеа вистинска туристичка експанзија, денес заедно со блиските Ханиоти и Пефкохори, го има статусот на едно од најпосетените. Располагајќи со исклучително добра и организирана инфраструктура, Полихроно веќе прерасна во вистинска туристичка мека. Прекрасната градска плажа долж чистото море, зеленилото, мноштвото објекти за сместување, угостителските и трговските дуќани, забавните содржини… го пленат и најпробирливиот летен гостин. Континуираниот интерес за Полихроно на македонскиот пазар и оваа година придонесе да го вброиме меѓу летните дестинации.

Објектот Stasha Apartments се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од околу 190 метри од градската плажа. Во својот состав брои голем број на двокреветни и трокреветни студиа, како и апартман за сместување на своите гости. Единиците се распоредени во модерна зграда, со приземје, прв и втор кат. Единиците нудат можност за квалитетно сместување, со користење на сопствена кујна, тоалет, балкон или тераса. Опремени со клима уред и ТВ, овие единици навистина даваат одлични услови за комфорен одмор. Паркирањето на возилото покрај плацот на вилата, како и нејзината блиска оддалеченост од центарлните содржини во Полихроно и градската плажа, овозможуваат услови за одличен одмор.

 

Галерија

Ценовник

 

 

  наем МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
  термин 19 26 2 9 16 23 30 7 14 21 28 4 11 18 25 1 8 15 22
  ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
  STD 1/2 (2 лица) 112 140 174 192 211 232 255 280 308 330 330 330 330 300 261 218 174 139 112
  до 31.Март 105 131 162 179 197 216 238 261 287 307 307 307 307 279 243 203 162 130 105
STASHA “B” (tv, ac) STD 1/3 (3 лица) 122 152 190 209 230 253 278 306 336 360 360 360 360 327 285 237 190 152 122
Полихроно / Касандра до 31.Март 114 142 177 195 214 236 259 285 313 335 335 335 335 305 266 221 177 142 114
  APT2B 2/2 (4 лица) 152 190 238 261 287 316 348 382 420 450 450 450 450 409 356 297 237 190 152
  до 31.Март 142 177 222 243 267 294 324 356 391 419 419 419 419 381 332 277 221 177 142

- Цените се однесуваат на наем на студио или апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

Програма на патување

Забелешки