ПРАГА-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА

praga

Во срцето на Европа се наоѓа град кој по својата величенственост и убавина се издвојува од другите Европски градови и  со самото тоа гордо го носи името Златна Прага. Овој град кој проткајува многу богата историја и култура, не не’ остава рамнодушни кога минуваме низ Стариот Град, Катедралата Св.Видо, многуте цркви, Плоштадите како и покрај познатиот Астрономски часовник изграден 1410 год. Секако не смеете да пропуштите да се прошетате по познатата Златна уличка која е позната по минијатурните кучќчки кои потекнуваат од 16 век и имаат своја приказна. Замокот Храдчани како и претседателската палата секако дека нема да ве остават рамнодушни со својот стил и импозантна градба. Покрај сите овие убавини не смееме да го заборавиме Карловиот мост кој потекнува од 14 век и е еден од најстарите мостови во Европа. Напуштајки го стариот град ке дојдете и во новиот дел каде секако ке го забележите Народниот театар, Националниот музеј, куќата што танцува… Впечатоците би биле уште поголеми ако појдете на крстарење по В`лтава каде би можеле да ја видите Прага од сосема поинаков агол, пиејки топла напивка и уживајки во крајбрежјето и многуте мостови кои ќе ви создадат романтични чувства. Карлјштајн – замок од 14 век кој бил некогашна резиденција на Карло 4. Во самиот замок се преплетува готскиот стил кој е одржуван околу 200 години, а во одредени делови може да се забележи и ренесансниот стил. Може да се видат уникатните оригинални декорации како и галерија од слики од најпознатите владетели со нивните семејства кои живееле во замокот со преплетена богата историја, традиција и култура . Покрај многуте богатства е изложена  и Круната на сите владетели која е во копија и може да се види, а оригиналот е во катедралата Св Видо и бидејки нејзината вредност е непроценлива се чува заштитена и затворена зад 7 врати. На само стототина километри одалеченост од Прага се прoстира малото но сепак многу познато гратче Карлови Вари (Karlovy Vary) Познат е по огромната посетеност од страна на некогашната европска аристократија и културна елита во 19 век, па се до денешен ден каде бројката на посетеност му достигнува и до 6 милиони луѓе годишно. Во него се наоѓаат 12 топлотни извори чија температура на вода изнесува од 39 до 73 степени и се познати по својата лековита моќ. Покрај топлотните извори секако ке го задрзат вашето внимание и повекето колонади, Англиската црква, познатата Руска црква која за миг би го задрзала вашето внимание со стилот на кој е изградена посебно позлатените куполи кои и даваат посебен сјај. Тука се и познатите кафулиња и ресторани каде може да земете оддишка и да узивате во преубавата природа и шумолот на реката Топла (Тепла). На крај не би смееле да си заминете без некој мал кристал од познатата фабрика за кристали Мозар, топлите вафли (Оплатки) и познатиот ликер Бехеровка кој и покрај тоа што има интересен вкус има и лековито дејство. На вракање  во Прага има можност да се застане во најпознатата фабрика за пиво Старопрамен и да си купите темно и светло пиво како и различните форми и големини на познатите кригли за пиво.

Галерија

Ценовник

   
                        Прага-Дрезден-Виена 
                 28.12-02.01.2019
                           6 дена / 3 ноќи / автобус                        цена

      ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба

РАН БУКИНГ(со резервација до 10.11

 

            189 € / 11.718 мкд

Програма на патување

Забелешки