ПУКЕТ Велигден 2019

phuket-11

TАЈЛАНД

ВЕЛИГДЕН, ПРВИ МАЈ И ОДМОР НА ОСТРОВОТ ПУКЕТ 

11 дена / 9 ноќевања
22.04.2019

 Тајланд е земја која се наоѓа зад волшебното огледало, прекрасна во својата  разноликост, бојата, мирисот и страстa….сосема поинаква од нашата реалност.
Народот, природата, и храната се посебно доживување под тропското небо. Таму се цвета со  посебен сјај кој се памети многу долго. Тајланд се наоѓа во централниот дел на Индокина и граничи со Малезија, Камбоџа, Лаос и Мјанмар, препознатлив  како земја на орхидеи, мистични реки,  тропски шуми, прекрасни Будистички храмови како и  пријателски расположени и насмеани луѓе. Бангкок е модерен главен град на Тајланд, со повеќе од 15 милиони жители, каде античките храмови, населби и пазари се потпираат на блескавите облакодери, тој е метропола со сто лица, која се развива со неверојатна брзина.

PHUKET - Некогаш изолиран и малку населен остров, Пукет бргу прераснува во модерна и луксузна туристичка дестинација која е денес посетена од огромен број на туристи од целиот свет. Овој тропски рај е вистинско место за љубителите на песочни плажи, чисто и топло море и богат природен диверзитет. Покрај изобилството на убави плажи, море и сонце, Пукет нуди и други интересни вредности како будистички храмови, живописни локални места, ресторани, забава и богат ноќен живот.  Климата на островот е тропска со високи температури во текот на целата година и висока влажност во воздухот. Ова  незборавно, лесно патување ќе ви донесе многу интересни информации, забава и уживање, кои ќе ви останат во трајни спомени.

 

SEAVIEW PATONG HOTEL 4****

SEAVIEW PATONG HOTEL е лоциран на 40 км од аердромот во Пукет, и 15 км од центарот на Пукет, во непосредена близина до плажата, доволно далеку од метежот и вревата за да уживате во тропскиот одмор, како и фантастично место за цело семејство. Постојат многу работи кои што може да се направат во Seaview Patong Hotel. Можете да уживате покрај убавиот базен, да ја вкусите традиционална храна, или пак да уживате во познатата тајландска масажа во спа и фитнес центарот. Искористете ги деновите за да се релаксирате под сонцето, со многубројни  вкусни пијачки и да ја дегустирате лоакалната и интернационална кујна во ресторанот кој се наоѓа покрај базенот. Samunprai  Spa ви нуди прекрасни масажи и третамни за релаксиран одмор. Хотелот истотака нуди 2 отворени базени за возрасни и еден за деца, салон са убавина, wifi, доктор( со повик.). Хотелот располага со соби кој што се дизајнирани според тајландскиот стил, со топли бои и дрвен мебел. Удобни соби и апартмани со квалитетни душеци за мирен сон, приватни балкони и бањи со кади и тушеви.

Галерија

Ценовник

 

SEAVIEW PATONG HOTEL 4*

PHUKET

ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ
ПЕРИОД
НА ПРЕСТОЈ

22.04.2019 – 03.05.2019  
23.04.2019 02.05.2019

УСЛУГИ

BB

НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ

9Н / 11Д

РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице во 1/2 соба (за резервации до 15.Февруари)

889 / 55.118 мкд

Цена по лице во двокреветна соба

969   / 60.078 мкд

Доплата за еднокреветна соба

230 € / 14.260

 

 

 

 

Цените се во Евра а плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€

Oпштите услови за патување на АУРОРА ТУРС и СКТМ се составен дел од овај аранжман

На барање може да се обезбеди сместување во друг хотел на Пукет

Програма на патување

Забелешки