Ramada Resort Lara 5*

RAM 1

RAMADA RESORT LARA

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара, 16км од центарот на градот и 14км од аеродромот во Анталија.

Сместувањe
Вкупен број на соби 396, распоредени во четири блока. Супериор соби 132 (35м², една спална, купатило, макс.2+2 лица), стандардни соби 132 (30м², една спална, купатило, макс.2лица), фамилијарни суити 132 (80м², две спални, дневна, купатило, макс.5+1лица). Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува со вода и сокови), сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет до 1GB, балкон.

Услуга
Ултра Се вклучено-храна и пијалоци 24часа, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини во текот на денот и доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани (лоцирани се во Ramada beach Club) со претходна резервација и само еднаш за време на седумдневен престој, Ramada Beach бар од 10.00-18.00ч. Премиум увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, увозни вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, увозни пијалоци во Диско клубот , дополнително се наплаќа.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани-Ottoman-Турски, Verona-Италијански, Asia-Азиски, мексикански и рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен WI-FI интернет до 1GB.

Плажа
Хотелска песочна плажа, 350м од хотелот. Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири на плажа се бесплатни. Приватните павиљони дополнително се наплаќаат. Бесплатен превоз до плажа.

Спорт и забава
Oтворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, тениски терени, гимнастика, пикадо, фитнес, Турска бања, соба со пареа. Спортови на вода, билијард, масажи, осветлување на тениски терени, Спа центар. Забавни програми преку ден, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год.

www.ramadaresortlara.com

Галерија

Програма на патување

Забелешки