Вечниот Рим

rome

Сите патишта водат во РИМ… И навистина е така.
Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како “Римското царство”, овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеушт го красат овој град.
Тој, едноставно речено е музеј на отворено. Неговото значење, во времето кога сеуште се дефинирала новата европска и светска цивилизација е навистина големо. Напуштањето на паганството и прифаќањето на христијанството, е можеби пресудниот момент за неговото добивање на вечно место во светската историја. 
Седиштето на “светата столица” на една од најголемите светски религии (католичка-христијанска) т.е. државата Ватикан е токму тука – во самото срце на Рим. Да го посетите вечниот Град – Рим, а да не го доживеете Ватикан, е невозможно. Ватикан се наоѓа на десниот брег на реката Тибар и денес е најмалата држава на светот.
Сред огромниот плоштад Св.Петар се издига најголемата црква на светот, Базиликата Св.Петар. Таа постои речиси колку и христијанството, а нејзината златна внатрешност ја красат најпознатите мозаици, фрески и скулптури во светот, како статуата Пиета на Микеланџело. Едноставно, фасцинантно!
Пред базиликата се наоѓа познатата Колонада на Бернини. Застанете во центарот на плоштадот и оттаму следува изненадувачка глетка, доказ за архитектонската совршеност. Не пропуштајте ја ожноста да фрлите поглед на плоштадот Св.Петар од Куполата, која е дело на Микеланџело. Глетката е величенствена: целиот Ватикан и седумте римски ридови на дланка!

Галерија

Ценовник

 

 

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА

РАН БУКИНГ (РЕЗЕРВАЦИИ ДО 28.02.2018)

435 € / 26.970 мкд

Редовна Цена по лице во 1/2 соба

465 € / 28.830 мкд

Програма на патување

Забелешки