РИМ И ВЕНЕЦИЈА 2019 (АВИОН)

venecija 3

РИМ И ВЕНЕЦИЈА - НОВА ГОДИНА 2019
27 декември 2018 – 02 јануари 2019
(6 ноќевања / 7 дена)
Програма со авион и воз

Аурора ве води во Рим и Венеција, на неверојатно патување низ историјата, каде што се испреплетуваат минатото и сегашноста, легендите, соништата и реалноста, подгответе се за патување од кое ќе понесете спомени што ќе ги паметите засекогаш… 

Рим – главниот град на Италија и градот со неисцрпна инспирација на историчарите и љубителите на уметноста, го нарекуваат и “главен град на светот” (caput mundi), “вечниот град” (la citta eterna), градот на седум ридови (la citta dei sete colli) или апостолски праг “( limen apostolarum). Овој мегалополис ја чува најмалата град-држава во светот, суверената територија на Светата Столица – Ватикан. Рим е сместен на седум ридови (Капитол, Палатин, Авентин, Целиан, Есквилин, Виминал, Квиринал) и претставува неверојатна хармонија на историјата и архитектурата стари повеќе од три илјади години, па затоа е уникатен и неповторлив. Историјата на градот ја создадавале цареви, папи, кралеви и конзули, а обликот му го дале најдобрите архитекти и најголемите уметници. Рим, градот музеј, фасцинира со величествените антички споменици, познати замоци, плоштади, фасади и фонтани, а Аурора ќе стори сé за да уживате во него.  

Венеција – “Кралица на Јадранот”, во средината на средниот век, како главен град на познатата Венецијанска Република, била најважниот град во светот и трговски центар на Европа. Денес Венеција е најпозната туристичка дестинација која лежи на устието на реката Бренте во Венецијанската лагуна, изградена на 118 мали острови, поврзани со канали и мостови. Овој чудесен град на вода со преку 400 канали и речиси исто толку мостови со векови претставува еден од најфасцинантните градови што ги изградил човекот… И веќе со векови, овој град плени со својата убавина и посебност. Луксузните палати на Каналот Гранде, фантастични цркви (кои ги има над 100), неверојатен амбиент, сè е посебно и сè укажува на тоа колку овој град бил моќен наназад со векови…

Галерија

Ценовник

ПАКЕТ АРАНЖМАН – РИМ & ВЕНЕЦИЈА
7 ДНЕВНА богата програма со вклучени разгледи НА РИМ И ВЕНЕЦИЈА

HOTEL 3* / 4*

ТЕРМИН
УСЛУГИ

27.12.2018 – 02.01.2019
BB (НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК)

ДЕНОВИ / НОЌЕВАЊА

7Д / 6Н

Цена по лице во  1/2 соба за резервации до 20.ноември

565 € / 35.030 мкд

Цена по лице во  1/2 соба за резервации до 05.декември

595 € / 36.890 мкд

Цена по лице во 1/2 соба

635 € / 39.990 мкд

Доплата за еднокреветна соба:

195 € / 12.0Рим & Венеција 201990 мкд

Програма на патување

Забелешки