Royal Taj Mahal 5*, Side

TAJ 6

 

Положба: Хотелот е лоциран во областа Евренсеки на 48 км од аеродромот во Анталија и 5 км од Сиде.

Сместување: Вкупен број на соби 450. Стандардни соби 356 (52м², една спална и едно купатило,макс.3+1лице), Дуплекс фамилијарни соби 20(70м², на горниот кат една спална и купатило, на долниот кат е спална за деца и купатило со туш, без врата меѓу катови, макс.4лица), Фамилијарни конективни соби со врата 10 (77м², две спални , родителска спална со Џакузи, другата со туш, со врата измеѓу двете спални, макс.2+2лица), Јуниор суити 26 (85м²,една спална со џакузи, една дневна соба,макс.3+1лица), Тај Махал Фамилијарни соби 38(77м², две спални и предсобје, родителска спална со џакузи, другата е поврзана со предсобје и со туш, макс. 4 лица) и пет соби за хендикепирани лица. Собите се со страничен поглед море, поглед море и поглед градина, со купатило со када и туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (секојдневно се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво), сеф, ЛЦД ТВ со сателитски програми, балкон.

Услуга: Ултра се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневен колач, колачи, ужини, ужини во доцните часови, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на вечера, мини бар во соба. Луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, A’la Сarte ресторани со претходна резервација , свежо цедени сокови, увозен шампање и собна послуга дополнително се наплатуваат.

Содржини: Главен ресторан шведска маса, A’la Сarte ресторани – Gusto Della Note (Италијанска кујна) , La Filika (морска храна) , Agra (Далечноисточна и Индиска кујна), барови во хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет соба и компјутерски игри и изнајмување на кола дополнително се наплатуваат. Интернет конекција дополнително се наплатува.

Плажа: Хотелска приватна песочна плажа, лежалки, чадори и пешкири се бесплатни.

Спорт и забава: Отворени и затворени ( затворени во лето) базени за возрасни и деца, аква парк со 9 водени лизгалици, Фитнес центар, Турска бања, сауна, тениско игралиште, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Масажа, СПА и центар за убавина, осветлување на тениско игралиште, куглање, билјард и сите спортови на вода дополнително се доплатуваат.

Галерија

Програма на патување

Забелешки