Silence Beach Resort Hotel 5*, Side

silence-beach-resort

Положба: Хотелот е лоциран во областа Kizilagac, 75км од аеродромот во Анталија и 13 км од Манавгат.

Сместување:Вкупен број на соби 1030. Хотелски соби 679, од кои стандардни соби 613 (макс.2+1 лица), 49 фамилијарни соби (макс.2+2 лица, две одвоени соби со врата), 17 хотелски суит соби (со поглед на море, една спална, една дневна, две купатила, од кои едно е со Џакузи) и 10 соби за хендикепирани лица. Езерски куќи 229, стандардни соби 61 (вила на три ката и не се дирекно поврзани со базенот), 122 фамилијарни соби (со две спални одвоени со врата, на прв и втор кат од вилата), 40 стандардни лукс соби (на прв или на втор кат од вилите и се поврзани со базенот). Клубски соби 122 (позади хотелската зграда во близина на Аква паркот) од кои 105 се клубски стандардни соби (со теписон или плочки на подот), 17 клубски фамилијарни соби (две одвоени соби со врата). Сите соби се со балкон, тепих на подот, купатило со када и фен, централна клима, телефон, мини бар (се доплнува секој ден со сокови, вода и пиво), сеф, сателитска ТВ и музички канали, интернет. Вилите се со керамички плочки на подот и поглед на градина.

Услуга:Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна и полноќна  ужина,  сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во денот. Увозните пијалоци, А’la Carte ресторани со претходна резервација, свежо цеден сок, флашираните пијалоци дополнително се наплатуваат.

Содржини:Главен ресторан Harmony-шведска маса, A’la Сarte ресторани: Far East, Mexican, рибен ресторант, Италијански, Barbeque ресторан, лоби бар, фоаје бар, бар во куглана, диско бар, бар на плажа, витамин бар. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, rent a car, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, дополнително се наплатуваат.

Плажа:Приватна песочна плажа, со лежалки и чадори  кои не се наплатуваат.

Спорт и забава:Отворени базени, базен со лизгалица, затворен базен, фитнес центар, соба со паре, тениски игралишта, одбојка, кошарка, мини голф. Сите водени спортови, масажа, билијард, куглање , Спа и Велнес центар, Турска бања, сауна, Џакузи, дополнително се наплатуваат.
Забавна програма во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми со професионална екипа. Мини клуб за деца од 04-16 год во различни групи. Забавен парк (3 билети по лице се бесплатни).

www.silence.com.tr

Галерија

Програма на патување

Забелешки