За Нас

Агенцијата Аурора Турс е основана во 1990 година. Од самиот почеток се одликува со сериозен пристап во полето на туризмот, одлика по која агенцијата се разликува од сите останати агенции и одлика врз основа на која Аурора Турс ја стекна довербата од огромен број на корисници во Македонија.

Следните 12 години беа години на константен раст во сите сфери на дејствивање: почнувајќи како агенција која прва почна да промовира иницијативен туризам, склучувајќи договори со голем број на светски познати тур оператори од различни земји во светот како што се Грција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Италија, Франција, Тунис, Дубаи, Тајланд, Индонезија, Mалезија, Израел, Малдиви, Кипар, Египет, Доминиканска Република, Куба, Малта, Индија, Бразил, Мексико, Аргентина, САД, Кина,Русија, Холандија итн.

 Политиката на работење на Аурора турс е фокусирана на креирање на ексклузивни аранжмани, авио билети, корпоративен и бизнис туризам, организирање на чартер летови кон најатрактивните летни дестинации и организирање на incoming туристички аранжмани.

Во 1995 година агенцијата стана дел од глобалната мрежа Амадеус, систем за резервации и продажба на авио билети за сите дестинации во светот. Истовремено, како член на IATA, Аурора Турс потпиша договори со голем број на авио компании за продавање на авио билети. Агенцијата своевремено беше локален GSA агент за Malaysia Airlines и Singapore Airlines. Сепак, согласно модерните текови во организацијата и водењето на сегментот на резервирање и издавање на авио билети и имплементацијата на BSP системот, Аурора турс како и сите светски тур оператори се вклучи во процесот на издавање на електронски авио билети, сегмент кој во последните 4 години се одликува со галопирачки подем и зазема значаен дел од активностите на нашата агенција, со посветен тим на професионални работници, со просечно работно искуство од над 15 години во сегментот на авио билети.

Во последните неколку години Аурора турс ја проширува својата работа на полето на рецептивен, incoming туризам. На тој план, се преземаат активности преку интернационалните партнери на агенцијата за анимирање на странските гости и посета на нашата земја од истите.

Во 2000 година Аурора турс потпиша договор со STA Travel и беше назначен GSA (general sales agent) со што стана дел од глобалното семејство на STA. Денес, Аурора турс има посебна канцеларија за STA програми, претставуваме официјални и единствени LA претставници за ISIC Интернационалните студентски картички, како и GSA за Work and travel програмата во USA во партнерство со CCUSA итн.

Многу значајни достигнувања и резултати се постигнати на полето на семинари, конференции и комерцијални презентации, а пред се агенцијата бележи одлични резултати на полето на понуда и реализација на услуги за специјални, V.I.P. гости, како и голем број на поволности при реализирање на хотелски резервации или различни други услуги од сегментот на туризмот. Преку овие проекти, агенцијата ја демонстрира својата одговорност и високо ниво на професионалност на својот менаџмент и персонал. Многу е значајно да се спомене репутацијата и угледот кои агенцијата ги ужива на Македонскиот пазар. Исто така значајни се вредноста на имотот како и годишниот приход кој агенцијата го остварува, а пред се сериозно развиената бизнис мрежа и долгогодишните партнерства.

 

Аурора турс е дел од националната комора за туризам на РМ (СКТМ), а во текот на своето работење, во различни период била член значајните организации како што се  PATA, IATA, RDA, ATAM, ISIC, WYSETC, TUI и др.

Конечно,  едно од достигнувањата на кои сме посебно горди е отворањето на нашиот луксузен Аурора Ресорт и Спа 5* комплекс во Берово, хотел кој според Daily Telegraph I National Geographic Balkans е прогласен за еден од најубавите комплекси во овој дел од Европа и пошироко. Хотелот располага со професионален и обучен персонал од 30 лица, капацитет од 100 гости, истиот е максимално подготвен и специјализиран да одговори на сите видови корпорациски барања и услуги вклучувајќи ги активностите на тим билдинг, конгреси, семинари, самити и конференции. За своите ценети клиенти нуди резлични типови на соби и апартмани, конференциска сала, модерен ресторант, фитнес и спа центар опремени со сауна, парна бања, џакузи, фитнес сала, центар за релаксација и масажа, внатрешен базен. Надворешниот базен комбиниран со прекрасното природно опкружување и колоритниот пејзаж, дополнително оплеменети со прекрасните пешачки, велосипедски и џип сафари тури, ќе ви понудат незаборавно и релаксирано искуство.